Протестот на албанската опозиција во Тирана прерасна во судири со полицијата откако демонстрантите фрлаа молотови коктели кон владината зграда на премиерот Рама, по што полицијата интервенираше со водени топови и солзавец. Повредени се најмалку четворица полицајци.
Вести
-
Свет 11.02.2026 14:38
-
Свет 11.02.2026 13:58
Масовно пукање во средно училиште во канадската покраина Британска Колумбија
Стравотна трагедија во малото канадско гратче Тамблер Риџ во покраината Британска Колумбија. Девет лица се убиени, 25-мина се ранети во масовното пукање кое се случи во средно училиште. Две од жртвите се пронајдени на друга локација, во куќа, за која се верува дека е поврзана со нападот.
-
Македонија 11.02.2026 13:56
Сали – Колумбија: Продлабочување на соработката со Обединетите нации за поддршка на реформите и одржливиот развој
Министерот за европски прашања и прв заменик-претседател на Владата, Беким Сали, оствари средба со Резидентниот координатор на Обединетите нации во Северна Македонија, Рита Колумбија.
-
Македонија 11.02.2026 13:34
Дебата за собраниски надзор врз институциите
Во Собранието дебата за зголемена соработка меѓу законодавната власт и Државниот завод за ревизија, за поголем надзор кај Собранието, одговорност кај институциите, а транспарентност кај јавноста.Александра Велинова известува. -
Економија 11.02.2026 13:24
ССМ утре продолжува со протестите, најавена блокада пред Стопанската комора
Сојузот на синдикати утре продолжува со најавените протести за зголемување на минималната плата на 600 евра. По вчерашната блокада пред Собранието, утре ќе застанат пред Стопанската комора и одново ќе побараат повеќе пари на сметките на работниците.
-
Македонија 11.02.2026 13:24
Продолжи судењето за случајот „Онкологија“
Во Кривичниот суд продолжува судењето за „Онкологија 1“ и исказите на вештаците на обвинителството од Словенија. Во овој случај, како што добро е познато за јавноста првообвинет е ексдиректорот на клиниката Нино Васев и уште двајца доктори за несовесно лекување. -
Македонија 11.02.2026 13:14
Вонредни контроли на лиценците за марихуана
Вонредни контроли вршат надлежните инспекциски служби во сите објекти кои имаат лиценца за производство на марихуана за медицински цели. По вчерашната одлука на владината седница, ќе биде формирана комисија и тим кои ќе вршат детална проверка на работењето на овие правни лица.
-
Македонија 11.02.2026 13:00
Конзилиум одлучува за терапијата на пациентите на Онкологија
Лекарите ги разгледуваат медицинските досиеја и носат одлука за терапијата на најтешко болните. Предвид се зема се – состојбата на пациентот, извршените испитувањата, типот на туморот .
-
Македонија 11.02.2026 12:43
АХВ нема да постапува по анонимно поднесени претставки
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) ги информира физичките и правните лица дека согласно член 62 став 3 од новиот Закон за инспекциски надзор, кој е во сила од 01.01.2026 година, инспекциските служби на АХВ нема да постапуваат по анонимно поднесени иницијативи за спроведување на инспекциски
-
Свет 11.02.2026 12:15
Вашингтон со нови закани до Техеран ако пропаднат разговорите
Вашингтон верува дека Иран сака да постигне договор за нуклеарната програма. Во услови на зголемени тензии и отворена можност за воен одговор од САД, Трамп вели дека би било глупаво Техеран да не го стори тоа. Доколку разговорите не успеат, се закани со остар одговор.










