Утре ќе се врши тестирање и калибрирање на „Безбеден град“. Дел од улиците ќе бидат затворени. Се прават последните подготовки пред системот од 1 февруари да профункционира со казни. Неделава Собранието треба да го донесе законот за прекршоци. Власта бара поддршка за решението.
Вести
-
Македонија 19.01.2026 13:51
-
Македонија 19.01.2026 13:41
Стотици верници и туристи пристигнаа за празникот во Охрид
Во Охрид десетици верници влегоа во студените води на езерото да го фатат чесниот крст. Најсреќен третпат, Мартин Гоџо од Варош.
Анита Димитријевска – Велковска е во Охрид.
-
Македонија 19.01.2026 13:33
Прослава на Богојавление – Водици
Православните верници во Македонија празнуваа. Денеска е Богојавление – Водици, ден кога според верувањата, Свети Јован Крстител го крстил Исус Христос во реката Јордан. Празникот се нарекува уште и Водици поради големиот водосвет што го извршува црквата на овој ден.
-
Македонија 19.01.2026 12:59
Отворена постапка против апелацискиот судија Ѓоко Ристов
Апелацискиот судија Ѓоко Ристов се соочува со кривично дело противправно стекнување и прикривање имот откако во домот на неговите родители во Неготино, во ѕид се пронајдени 350 илјади евра.
-
Македонија 19.01.2026 12:36
Утрово најстудено на Попова Шапка, Битола и Крива Паланка
Најстудено изутринава е на Попова Шапка, каде во 7 часот се измерени-12 степени, по што следуваат со-10 Берово, -9 Крива Паланка, -8 Ѓуриште, -7 Скопје-Петровец, Куманово и Маврови Анови, -6 Крушево и Виница.
-
Македонија 19.01.2026 12:16
Претседателот на Собранието Гаши го честита празникот Водици
Претседателот на Собранието Африм Гаши упати честитка по повод празникот Богојавление – Водици во која истакнува дека овој празник ја носи пораката на духовно прочистување и надеж, потсетувајќи нè на значењето на заедништвото и посветеноста во градењето на напредна и праведна држава.
-
Македонија 19.01.2026 11:43
Внук осомничен за обид за убиство на сопствената баба
Основното јавно обвинителство Битола донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 28-годишник за кого постои основано сомнение дека се обидел да стори кривично дело – Убиство од член 123 став 2 точка 2 во врска со член 19 од Кривичниот законик.
-
Свет 19.01.2026 11:07
Расте бројот на загинати во тешката железничка несреќа во Шпанија
Шпанија во шок по најтешката железничка несреќа во последната деценија откако два брзи воза се судрија кај градот Адамуз, близу Кордоба. Бројот на жртви расте, над 150 се хоспитализирани, додека лекарите се борат за животот на десетици повредени, меѓу кои и деца.
-
Македонија 19.01.2026 10:47
Мицкоски со честитка по повод големиот празник Богојавление – Водици
По повод големиот христијански празник Богојавление – Водици, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер, Христијан Мицкоски, упати порака во која го истакна длабокото духовно и општествено значење на овој празник.
-
Свет 19.01.2026 10:26
Најмалку 15 загинаа, а илјадници се принудени на евакуација поради шумските пожари во Чиле
Најмалку 15 загинаа, а илјадници се принудени на евакуација поради шумските пожари што беснеат низ Чиле. Властите прогласија вонредна состојба во два округа.










