Вести

  • Македонија 11.04.2018 11:56

    Кривична пријава за екс- директор на АВРМ

    Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал поднесе кривична пријава против В.П. од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.

  • Свет 11.04.2018 11:50

    Стотици мртви при уривање на воен авион во Алжир

    Околу 200 војници загинаа во Алжир при уривање на воен транспортен авион од типот ИЛ-76. Авионот се урнал по полетувањето од аеродромот на воената база во Буфарик, на 50 километри јужно од главниот град Алжир.

  • Македонија 11.04.2018 11:47

    Македонска воена делегација во посета на Хрвастка

    Воена делегација на АРМ предводена од началникот на Генералштабот на АРМ, генерал-потполковник Методија Величковски, од денеска престојува во тридневна официјална посета на вооружените сили на Република Хрватска.

  • Економија 11.04.2018 11:01

    Почнуваат преговорите меѓу синдикатот и раководството на „САСА“

    Синдикатот на вработените во рудникот „САСА“ , членови на „МЕСО“, денеска ги почнува преговорите со менаџментот за решавање на економско- социјалните барања, кои беа причина за предупредувачкиот штрајк во март.

  • Македонија 11.04.2018 10:54

    НАТО работилница за одбрана од тероризмот

    „Одбрана против тероризмот, подобрување на отпорноста на демократските институции и владеење на правото“ е насловот на работилницата за напредно истражување, што со поддршка на програмата на НАТО „Наука за мир и безбедност“ денеска почнува во Скопје.

  • Економија 11.04.2018 10:45

    Почнува пријавувањето субвенции за млеко

    Млекопроизводителите можат да почнат да се пријавуваат за субвенции за произведено и продадено овчо, козјо и кравјо млеко од октомври до декември 2017-та година.

    Висината на поддршката е по 3,5 денари за еден литар кравјо и 4 за овчо и козјо млеко.

  • Свет 11.04.2018 10:42

    Одбиени резолуциите од САД и од Русија за Сирија

    Советот за безбедност на ОН трипати не успеа да усвои резолуција за наводната употреба на хемиско оружје во Сирија. САД и сојузниците размислуваат за преземање воени акции. Шефот на Белата куќа Доналд Трамп ги откажа посетите во Перу и Колумбија за да го контролира одговорот за Сирија.

  • Македонија 11.04.2018 10:39

    Претседателот Иванов на Евроазискиот самит во Истанбул

    Претседатели, високи владини претставници, амбасадори, градоначалници, бизнисмени. Турција ги спојува Европа и Азија. По 21-ви пат во Истанбул се одржува дводневниот економски самит, организиран од фондацијата „Мармара“, групацијата посветена на политичко- економски и социолошки истражувања.

  • Македонија 11.04.2018 10:34

    Коѕијас попладнево пристигнува во Охрид

    Шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас, како што пренесуваат грчките медиуми, треба доцна попладне да пристигне во Охрид. Министрите за надворешни работи на Македонија и на Грција ќе имаат работна вечера, а официјалната средба е најавена за утре.

  • Македонија 11.04.2018 10:32

    Седница за гласање доверба на Владата

    За 11 часот е закажана 42-та собраниска седница на која пратениците ќе расправаат за барањето доверба на Владата. Подносителите од опозициската ВМРО- ДПМНЕ велат, подготвени сме да ги изнесеме сите аргументи против начинот на работата.

Pages