Поради протестот на вработените во МЖ- Транспорт, товарниот и патничкиот сообраќај втор ден е во целосен прекин. Вработените бараат исплата на вториот дел од платата за октомври. Најавена е средба со претставници на Владата.
Вести
-
Македонија 13.12.2017 10:38
-
Свет 13.12.2017 10:34
Вонредна средба на ОИС за Ерусалим
На иницијатива на официјална Анкара, Организацијата за исламска соработка (ОИС) на вонреден самит во Истанбул расправа за последиците од признавањето на Ерусалим за израелска престолнина од страна на САД.
-
Македонија 13.12.2017 10:30
Јавен повик за субвенции во рибарството
Сопствениците на рибници може да поднесуваат барање за субвенционирање на производството.
Повикот се однесува за набавка на порибителен материјал од домашно производство и за произведена и продадена риба на пазарот во периодот од 1-ви ноември 2016-та до 31-ви октомври 2017-та година.
-
Економија 13.12.2017 10:27
Усвоен дополнетиот предлог на буџетот за 2018-та
Владата го усвои дополнетиот предлог на буџетот за 2018-та година со прифатените амандани од комисиската расправа во Собранието.
-
Македонија 13.12.2017 10:24
Рочиште за случајот „Транспортер“ во Кривичниот суд
Во скопскиот Кривичен суд, закажано рочиште за предметот „Транспортер“, што го отвори Специјалното јавно обвинителство. Првообвинет е поранешниот градоначалник на Битола и уште 20 други лица.
-
Македонија 13.12.2017 10:22
Рочиште во Солун за екстрадицијата на Грујевски и Бошкоски
Во судот во Солун треба да се одржи рочиште за барањето од македонските власти за екстрадиција на поранешните началници во Управата за безбедност и контраразузнавање, Горан Грујевски и Никола Бошкоски. Тие се обвинети во случајот „Таргет- Тврдина“. Двајцата се во притвор во близина на Солун.
-
Македонија 13.12.2017 08:44
Намалена видливост на дел од патиштата поради магла
Намалена видливост од 100 до 150 метри поради магла има на патните правци Катланово-Велес, Удово-Гевгелија, Македонска Каменица-Делчево-Берово и Струмица, информира Автомото сојузот на Македонија (АМСМ) во утринскиот извештај за состојбата на патиштата.
-
Македонија 13.12.2017 08:42
Aмандманска расправа за законот за јазиците
Членовите на Комисијата за европски прашања, во отсуство на опозицијата, треба да ја одржат амандманската расправа за Предлог-законот за употреба на јазиците.
-
Македонија 12.12.2017 16:56
Случај „Труст“: На вештакот не му бил дозволен увид
Вештакот побарал, но не му дозволиле да направи увид во двете дробилици во сопственост на конзорциумот којшто добил тендер за ископ на јаглен и јаловина во Суводол.
-
Македонија 12.12.2017 16:36
Одбиени жалбите за притворот на пратениците Димовски и Василевски
Кривичниот совет при Основниот суд Скопје 1 донесе решение со кое ги одби жалбите за определување притвор за пратениците Љупчо Димовски и Сашо Василевски и ги потврди решенијата на судијата на претходна постапка.










