Утре во Македонија ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди и со појава на магла по одделни котлини.
Ќе дува умерен ветер од западен правец кој на планините во северозападните подрачја повремено ќе го засилува интензитетот.
Утре во Македонија ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди и со појава на магла по одделни котлини.
Ќе дува умерен ветер од западен правец кој на планините во северозападните подрачја повремено ќе го засилува интензитетот.
Забрзување на евроинтеграциите на земјите од Балканот, политичко- безбедносна соработка и соочувањето со актуелните предизвици, теми на состанокот на Партнерската комисија САД-Јадранска повелба.
Едно момче е повредено откако дел од американски хеликоптер падна врз училиште во Окинава, со што повторно се зголемија тензиите меѓу локалното население.
Во скопскиот Кривичен суд рочиште за предметот „Транспортер“ што го отвори Специјалното јавно обвинителство. Првообвинет е поранешниот градоначалник на Битола и уште 20 други лица.
Вкупниот буџет на Министерството за култура за 2018-та година изнесува 4 милијарди 268 милиони и 497 илјади денари, односно околу 69 милиони и 406 илјади евра.
Израелски воени авиони нападнаа позиции на Хамас во Кан Јунис, во јужниот дел на Појасот Газа. Воздушните напади предизвикаа материјална штета на локациите, но нема податоци за повредени.
ВМРО-ДПМНЕ и попладне на протест пред Министерството за правда. Судската одлука за потврдување на притворите за пратениците е срамна и е доказ за политички прогон на неистомислениците на власта. Срамна е и најавата за меѓународна истрага за терористите од Диво насеље, сметаат од ВМРО-ДПМНЕ.
Владата ги повика бизнисмените да инвестираат и да извезуваат производи. Финансиски ќе бидат поддржани со минимум 10 насто од вложениот капитал. Вицепремиерот Анѓушев тврди- проектираниот економски раст од 3,2 насто ќе биде постигнат.
Владата бара решение за рудникот „Казандол“. Тим експерти бараат начин како државата да избегне плаќање оштета. Надлежните повторуваат - приоритет е здравјето на граѓаните. Инвеститорот, пак, за денеска најави минирање на рудникот.
Македонија е на добар пат за членство во НАТО и во ЕУ. Приемот во Алијансата за нашата земја ќе значи поголема безбедност и економски просперитет- оценува државниот врв.