Алармантно ниво на загаденост на воздухот во главниот град. На сите мерни станици регистрирани неколкупати повисоки концентрации на штетните честички.
Вести
-
Македонија 13.12.2017 16:32
-
Економија 13.12.2017 16:22
Новиот Закон за енергетика- поефикасен и насочен кон потрошувачите
Предлог- законот за енергетика овозможува целосно усогласување на домашното законодавство со третиот енергетски пакет на ЕУ, стабилно и безбедно снабдување со енергија, нуди право на избор на потрошувачите и овозможува решавање на споровите и враќање на довербата на ЕУ кон Република Македонија, и
-
Македонија 13.12.2017 16:04
Заврши протестот, железничкиот сообраќај нормализиран
Заврши протестот во Македонски железници. Се нормализираат патничкиот и товарниот сообраќај откако на работниците им е префрлен и вториот дел од октомвриската плата. Машиновозачите потврдуваат дека парите им се легнати на сметките, по што возовите почнаа да го следат редовниот возен ред.
-
Македонија 13.12.2017 15:58
Тензична расправа за Законот за употреба на јазиците
Во вжештена атмосфера по само половина час расправа, прекината седницата на Комисијата за европски прашања, на која почна разгледувањето на амандманите за Законот за употреба на јазиците.
-
Македонија 13.12.2017 15:49
Рочиште за екстрадиција на Грујевски и Бошкоски
На рочиштето затворено за јавноста, во Солун се разгледува барањето на македонските власти за екстрадиција на поранешните началници во Управата за безбедност и контраразузнавање, Горан Грујевски и Никола Бошкоски.
-
Македонија 13.12.2017 15:46
Со одржливи партнерства до подобар живот на ранливите категории
Соработка и спроведување на заеднички иницијативи со над триесеттина компании досега. Сето тоа придонело да се излезе во пресрет на над десет илјади корисници на услуги на годишно ниво.
-
Свет 13.12.2017 15:43
ЕП: Стратешки фокус на Западен Балкан
Претседавачот со Комитет за надворешни работи, Дејвид МекАлистер, ја нагласува потребата за повторно Западниот Балкан да стане стратешки фокус, со препознавање на фактите дека ЕУ би требало да продолжи со своите амбиции во регионот, давајќи притоа нов поттик за веродостојноста од политиката на ЕУ
-
Македонија 13.12.2017 15:33
Саниран главниот канал за доставување технолошка вода до РЕК Битола
ХМС Стрежево решава еден од најгорливите проблеми. По две години од големото свлечиште, во финална фаза се санацијата на главниот канал со кој се водоснабдува градот и цевководот, по кој се врши дотур на технолошка вода до РЕК Битола.
-
Македонија 13.12.2017 15:17
Нормализиран железничкиот сообраќај
Железничкиот сообраќај во Македонија е нормализиран откако е исплатен вториот дел од платата на машинскиот и извршниот персонал во МЖ Транспорт, што беше причина за блокада на товарниот и патничкиот железнички транспорт во изминатите два дена.
-
Македонија 13.12.2017 15:07
Одложена расправата за Предлог- законот за јазици
Повторно одложување на амандманската расправа по Предлог- законот за употреба на јазиците. Претходно, кавгата меѓу претседателот Груби и Фадил Зендели од БЕСА ја прекина расправата.










