ВМРО-ДПМНЕ и за денеска најави блокади на неколку раскрсници во Скопје и протест пред Министерството за правда. Од партијата велат дека Македонија е единствената држава во Европа во која има политички затвореници.
Вести
-
Македонија 15.12.2017 11:05
-
Македонија 15.12.2017 10:34
Преписка на Твитер меѓу американските и руските дипломати за загадениот воздух во земјава
За загадениот воздух во Македонија, преписка на социјалните мрежи на американските и руските дипломати во земјава.
-
Култура 15.12.2017 10:12
Трескавец се обновува според плановите
Конаците на манастирот Трескавец за околу една година треба да блеснат во сиот свој сјај. Речиси пет години по катастрофалниот пожар, работите, велат изведувачите, се одвиваат според плановите. Веќе се поставува покривот.
-
Свет 15.12.2017 10:05
Оружје за сириската опозиција завршувало кај ИД
Пратките со оружје коишто САД и Саудиска Арабија го обезбедувале за сириската опозиција, често завршувале во рацете на терористичката група Исламска држава. Според Организацијата за контрола на оружјето во конфликтни зони, документирани се десетина вакви случаи.
-
Економија 15.12.2017 10:02
Исплата на винското грозје
До денеска винските визби треба да им ја платат на лозарите првата рата од 20 проценти за купеното грозје. Според Законот, исплатата е на три рати во рок од шест месеци од преземањето на откупениот род.
-
Економија 15.12.2017 09:56
Дополнетиот Предлог- буџет на собраниска седница
На пленарна седница во Собранието почнува дебата за дополнетиот предлог- буџет за 2018-та година. По амандманската расправа која помина без присуство на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, владата прифати неколку амандмани.
-
Македонија 15.12.2017 08:14
Заедничка седница на владите на Македонија и на Албанија во Поградец
Во Поградец ќе се одржи заедничка седница на владите на Албанија и на Македонија. На маса, инфраструктурното поврзување, изградбата на Коридорот 8, интензивирање на размената на стоки и услуги и јакнење на соработката во безбедноста.
-
Македонија 15.12.2017 08:08
Откажани летови на скопскиот аеродром, магла на дел од патиштата
Маглата предизвикува проблеми во одвивањето на сообраќајот. Планираните утрински летнувања и слетувања на аеродромот „Александар Велики“ се откажани. Само еден лет е пренасочен на Приштинскиот аеродром.
-
Македонија 14.12.2017 16:15
Спасовски: Имаме информации каде се наоѓаат осомничени во собраниските настани
Полицијата чека распишување на меѓународни потерници за уште петмина учесници во собраниските настани од 27 април, за да може да постапува- изјави министерот за ватрешни, Спасовски. Посочи дека за дел од нив, МВР имало информации каде се наоѓаат.
-
Економија 14.12.2017 16:08
Николовски: 65 илјади земјоделци ќе го добиваат назад персоналниот данок
Со измените на Законот за персонален данок на доход, на земјоделците со приход до еден милион денари годишно, ќе им биде целосно враќан платениот персоналец во тековната година, во почетокот на наредната година.









