НАТО го продолжи мандатот на генералниот секретар на алијансата, Јенс Столтенберг, до 30 септември 2020 година.
Вести
-
Свет 12.12.2017 14:17
-
Македонија 12.12.2017 13:41
Субхи Јакупи поднесе оставка од член на ДИК
Уште една оставка во Државната изборна комисија. По претседателот Александар Чичаковски и членовите Виолета Дума и Игор Милев, од функцијата се повлече и Субхи Јакупи, кој во комисијата е на предлог на ДУИ. Оставката ја доставил од Собранието, а парите од бонусите ќе ги врати во буџетот.
-
Економија 12.12.2017 13:35
Обезбедени пет милиони евра од ЕБОР за енергетска ефикасност
Со две кредитни линии вредни пет милиони евра Европската банка за обнова и развој ќе ја поддржи Шпаркасе банка- Македонија во напорите да се подобри енергетската ефикасност кај домаќинствата.
-
Свет 12.12.2017 13:18
Европа парализирана од снежно невреме, илијадници домаќинства без електрична енергија
Снежните наноси низ поголемиот дел од Европа предизвикаа проблеми во сообраќајот во неколку земји. На поголемите аеродроми во Белгија и во Германија беа откажани летовите. Поради дебелата покривка или голомразица е блокиран и патниот сообраќај.
-
Македонија 12.12.2017 13:11
ВМРО-ДПМНЕ: За состојбата средби со меѓународната заедница
Судството како и останатите институции се целосно заробени од хунтата, а судовите не одлучуваат според законот, туку според волјата на Зоран Заев, тврдат во ВМРО-ДПМНЕ. Оваа партија нема да дозволи газење на правната држава во која ќе владее правото, а не насилството и безредието.
-
Економија 12.12.2017 12:46
43,37 милијарди денари за социјална заштита, вработувања и пензии во 2018-та
Идната година Министерството за труд и социјална политика ќе располага со буџет од 43 милијарди 376 милиони и 583 илјади денари. Според министерката Мила Царовска, ова министерство ќе има најголем буџет од сите останати ресори.
-
Свет 12.12.2017 12:33
Над 50 светски лидери на самитот за климатски промени во Париз
Повеќе од 50 светски лидери денеска во Париз одржуваат самит за кој францускиот претседател Емануел Макрон се надева дека ќе донесе нов поттик во борбата против глобалното загревање.
-
Македонија 12.12.2017 12:25
Судот решава за жалбите за притворот на Димовски и Василевски
Во Основниот суд Скопје 1 претпладнево се одржа седница на Кривичниот совет по жалбите за определување притвор за пратениците Љупчо Димовски и Сашо Василевски. Одлуките по жалбите се очекува да бидат објавени во текот на денот.
-
Македонија 12.12.2017 12:23
Шилегов: Преку ново системско решение ќе се растерети градскиот метеж
Проектот Скопје- велоград е еден од приоритетите на градоначалникот на Скопје, Шилегов. Преку ново системско решение, целта е да се растерети градскиот метеж во центарот на градот и последицата од него- штетните гасови.
-
Македонија 12.12.2017 12:13
Заев: Не сме стигнати до таму да разговараме за нови имиња
Немаме стигнато до таму да разговараме за некои нови имиња или слично, изјави денеска премиерот Зоран Заев.










