Комисијата во рамките на Јавното обвинителство ги сумира податоците за евентуални прекршувања на изборниот процес. Претседателот на комисијата, Бајрами вели дека во предистражна постапка се неколку кривични дела за поткуп и злоупотреба на избирачкото право.
Вести
-
Македонија 30.10.2017 14:43
-
Македонија 30.10.2017 14:19
Метео: Сончево и студено
Утре во Македонија ќе преовладува сончево и студено време со ниски утрински температури и со слаб до умерен ветер од северен правец особено долж Повардарието.
Максималната температура ќе достигне до 14, во Скопје во текот на денот се очекува температура до 12 степени.
-
Македонија 30.10.2017 13:29
Јавна седница во Апелација за пасошот на Груевски
Во скопска Апелација, јавна седница на која претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски и неговата одбрана, аргументираат зошто судот треба да му го врати пасошот, којшто му беше одземен како превентивна мерка за предметот „Титаник“, по барање на Специјалното јавно обвинителство.
-
Економија 30.10.2017 13:01
Поскапи горива од полноќ
Горивата поскапуваат од полноќ- одлучи Регулаторната комисија за енергетика. Цените на Еуросупер БС-95, Еуродизелот и екстра лесното масло за домаќинство се зголемуваат за еден денар, а за половина денар поскапува Бензинот од 98 октани. Повисока цена ќе има и мазутот.
-
Свет 30.10.2017 12:55
Шпанија ги спроведува мерките за преземање на директна контрола врз Каталонија
Шпанскиот министер за надворешни работи Алфонсо Дастис ја исклучува независноста на Каталонија, но не и пошироката автономија. Разрешувањето на регионалниот лидер Карлес Пуџдемон не му го одзема правото за учество на предвремените избори.
-
Македонија 30.10.2017 12:51
За СДСМ и ДУИ изборите фер и демократски, ВМРО-ДПМНЕ, Алијансата и БЕСА не ги признаваат резултатите
За СДСМ и ДУИ, фер и демократски избори, ВМРО-ДПМНЕ и Алијансата за Албанците не ги признават реултатите.
-
Македонија 30.10.2017 12:26
Локални избори 2017: СДСМ со најмногу освоени општини
Резултатите од двата изборни круга донесоа промени во локалната власт во Македонија. Со градоначалничката функција во 81 општина ќе раководат шест жени и 75 мажи.
-
Свет 30.10.2017 12:01
Курдскиот лидер Барзани заминува од должност
Парламентот на курдскиот регион во Ирак го прифати барањето на Масуд Барзани, претседателот на ирачката Курдистанска регионална влада, да не го обнови мандатот кој истекува на први ноември.
-
Свет 30.10.2017 11:06
Мишел: Нема план за политички азил на Пуџдемон
„Дијалогот меѓу Барселона и Мадрид е решението за шпанската криза, а разрешениот каталонски лидер Карлес Пуџдемон не добил понуда за политички азил во Белгија“, потенцира премиерот Шарл Мишел.
-
Култура 30.10.2017 11:02
Награда за Никола Ристановски на фестивал во Србија
Никола Ристановски доби награда за најдобар актер на 25. Меѓународен театарски фестивал на класици „Вршачка театарска есен“ во Србија. Наградата ја доби за улогата Иванов во истоимената претстава по текст на Антон П. Чехов, во продукција на Народно позориште Белград. Ова е негова 48 награда.









