Вести

  • Македонија 27.10.2017 16:16

    Метео: Променливо време за викендот

    Во текот на викендот во Македонија ќе преовладува променливо облачно време. Утре во претпладневните часови во поголем дел од земјава се очекува облачно, студено и ветровито време со локални врнежи од дожд.

  • Македонија 27.10.2017 16:02

    Масовно труење во Гостивар

    Стомачни тегоби, температура, повраќање и дијареа- со овие симптоми повеќе од 400 Гостиварци изминатите денови побарале лекарска помош. Само во текот на ноќта се примени 60 пациенти. Повеќето од нив се пуштени на домашно лекување, без сериозни последици од труењето.

  • Македонија 27.10.2017 16:00

    Раздор во ССМ пред вонредниот Конгрес

    Раздор во Сојузот на синдикатите пред претстојниот вонреден конгрес закажан за две недели кога треба да се избере нов претседател на ССМ. Според Претседателството, само кандидатот Дарко Димовски ги исполнува критериумите за кандидат за претседател на ССМ.

  • Свет 27.10.2017 15:20

    Се бара прогласување „Република Каталонија“

    Каталонските партии кои се залагаат за независност поднесоа барање до регионалниот Парламент да прогласи „Република Каталонија“. Не е познато дали за тоа барање ќе се разговара на денешната седница.

  • Македонија 27.10.2017 15:17

    Локални избори 2017: Завршува кампањата, почнува молкот

    На полноќ завршува изборната кампања пред вториот круг од локалните избори и почнува молкот пред гласањето в недела, 29-ти октомври. Локалните избори ќе се спроведат во 35 општини во кои право на глас имаат 833.710 граѓани. Во вториот круг учествуваат 70 кандидати за градоначалници.

  • Македонија 27.10.2017 14:58

    Македонски државјани уапсени кај Славонски Брод со 6,5 килограми хероин

    Тројца македонски државјани се во притвор во Хрватска, откако во вторникот, на граничниот премин кај Славонски Брод се обиделе да прошверцуваат околу 6,5 килограми хероин, информира Бродско- посавската полиција. Вредноста на дрогата на црниот пазар се проценува на над сто илјади евра.

  • Македонија 27.10.2017 14:51

    Првообвинетиот за грабежот во НЛБ се извини, не се знае каде се парите

    Изразувам жалење, се каам и им се извинувам на сите засегнати во овој случај, рече во завршните зборови прообвинетиот- трезорист за грабежот во НЛБ Банка. За првпат посочи дека парите ги украл оти бил во долгови и под закани, и тој и семејството.

  • Македонија 27.10.2017 13:18

    ФЕИТ домаќин на натпреварот по „Лабвју“

    Факултетот за електротехника и информациски технологии од Скопје, ФЕИТ, е домаќин на седмиот балкански натпревар по „Лабвју“- графички програмски јазик за студентите од областа на техничките науки, кој почнува денеска, а победниците ќе бидат познати во текот на утрешниот ден.

  • Економија 27.10.2017 13:11

    ЕЦБ ја задржа основната каматна стапка

    Европската Централна банка, како и што се очекуваше, реши да ја задржи основната каматна стапка на ниво од нула насто.

  • Свет 27.10.2017 13:06

    Рахој: Прв потег- смена на Пуџдемон

    Шпанскиот Сенат ја почна седницата на која се гласа за смена на каталонската Влада, откако регионот на 1-ви октомври одржа референдум за независност. Сенатот гласа за активирање на членот 155 од шпанскиот Устав кој би довел до воведување принудна управа на Мадрид над Каталонија.

Pages