Силна бура го погоди североисточниот дел на САД. Речиси 1,5 милиони домови и фирми останаа без електрична енергија. Ветрот достигнуваше сила на ураган.
Невремето беше проследено и со поројни дождови. Реките во Њу Хемпшир се излеаа од коритата.
Силна бура го погоди североисточниот дел на САД. Речиси 1,5 милиони домови и фирми останаа без електрична енергија. Ветрот достигнуваше сила на ураган.
Невремето беше проследено и со поројни дождови. Реките во Њу Хемпшир се излеаа од коритата.
Советот на јавни обвинители, на седица треба да ги разгледува пријавите на кандидатите за нов државен Јавен обвинител. На огласот се пријавија 23-ца, меѓу нив е и актуелниот член на Советот на јавните обвинители, Љубомир Јовески, кој беше и поранешен заменик- јавен обвинител.
Апелациски суд- Скопје на јавна седница треба да одлучи дали прислушуваните разговори во предметот „Тендери“ можат да станат дел од доказната постапка.
Советник од изборната кампања на американскиот претседател Доналд Трамп призна дека го лажел Федералното истражно биро за терминот на состаноците со посредниците за Русија.
ВМРО-ДПМНЕ да го признае поразот на изборите кои беа фер, слободни и демократски. Во прв план да ги стави интересите на граѓаните, велат од СДСМ.
Македонија е рангирана на 11-то место во најновиот извештај на „Дуинг бизнис“. Ова е пад за едно место од минатогодишниот извештај, кога Македонија беше на 10-то место во групата најдобри држави за водење бизнис во светот.
Комерцијална банка, Стопанска банка- Скопје и Силк Роуд банка, како најголеми доверители на кавадаречки „Фени“ до судот во Велес поднесоа предлог за отворање стечајна постапка.
Белгискиот адвокат Пол Бекаерт потврди дека разрешениот каталонски лидер Карлес Пуџдемон е негов клиент. Експертот за човекови права не потенцираше дека Пуџдемон, кој избега во Белгија заедно со неколку негови министри, барал азил во таа земја.
Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов престојува во работна посета на Обединетото Кралство, каде што ќе оствари средби со спикерите на двата дома од британскиот Парламент.
Полагањето на ловечкиот испит ќе биде поедноставено. За разлика од новиот предлог, сегашната постапка е сложена со низа дополнителни трошоци за кандидатите.