Рускиот претседател Владимир Путин денеска ќе претстојува во официјална посета на Анкара, при што ќе оствари средба со неговиот турски колега Ердоган. Ќе разговараат за глобалните и регионалните прашања, како и за подобрување на односите меѓу двете земји.
Вести
-
Свет 28.09.2017 12:46
-
Македонија 28.09.2017 12:34
На 17-ти октомври пресуда за „Диво насеље“
На 17-ти октомври ќе биде соопштена пресудата за кумановските настани, кога загинаа осуммина припадници на македонската полиција и десет лица од вооружената група.
-
Свет 28.09.2017 12:10
Вануату: Евакуација поради опасност од ерупција на вулкан
Се евакуира населението на островската држава Вануату поради опасност од ерупција на вулканот Манаро кој се активираше пред неколку денови.
-
Свет 28.09.2017 11:44
Мексико: Напад во рехабилитационен центар
Вооружени лица отворија оган и усмртија 14 луѓе во центар за одвикнување од дрога во северно Мексико. Во моментот на нападот во установата имало 25 лица. Полицијата го истражува мотивот за повеќекратното убиство.
-
Свет 28.09.2017 11:31
Пучдемон: Притисокот од Мадрид ја зголемува поддршката за референдумот
Според лидерот на Каталонија, Карлес Пучдемон, притисоците на шпанската Влада поради референдумот за независност ја зголемуваат поддршката за гласањето.
-
Македонија 28.09.2017 11:08
Советот на јавни обвинители ќе го разгледува четвртиот извештај на СЈО
Четвртиот извештај за работата на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) на дневен ред на денешната седница на Советот на јавни обвинители. На седницата поканета е обвинителката Катица Јанева.
-
Економија 28.09.2017 10:55
Македонски компании во ноември на два меѓународни бизнис настани во Турција
Македонските компании во ноември ќе учествуваат на два големи меѓународни бизнис настани во Турција. На првиот саем се очекуваат околу 350 излагачи- бизнисмени на којшто ќе учествуваат асоцијации од Европа и од домаќинот Турција.
-
Култура 28.09.2017 10:38
Почнува 42. Млад отворен театар
Осумнаесет претстави на репертоарот на 42-от Млад отворен театар што почнува денеска во Младинскиот културен центар и се одржува до 4-ти октомври.
Ќе настапат театри од Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Шпанија, Србија, Холандија, Иран, Полска, Бугарија и домаќинот Македонија.
-
Македонија 28.09.2017 10:33
Инцидент во Кичево, повреден носител на советничка листа
Инцидент во Кичево- застрелани тројца од кои еден е независен кандидат, носител на советничка листа. Тој е застрелан вчеравечер, а покрај него исто така бил повреден шефот на неговиот изборен штаб.
-
Македонија 28.09.2017 10:30
Заклучен избирачкиот список за локалните избори
Заклучен избирачкиот список за претстојните локални избори. Право на глас ќе имаат 1.814.644 гласачи соопшти Државната изборна комисија.









