Зоран Заев е срам за неговата партија, но и за цела Македонија, велат во ВМРО-ДПМНЕ. Тој е единствениот премиер во Европа кој барал мито од 200 илјади евра од бизнисмен.
Вести
-
Македонија 27.09.2017 15:09
-
Свет 27.09.2017 15:00
Бергамин: Задолжително носење на електронски нараквици за бегалците и мигрантите
Италијанскиот политичар Масимо Бергамин предлага задолжително носење на електронски нараквици за бегалците и мигрантите.
-
Македонија 27.09.2017 14:52
Ќе се изработува Централен електорнски регистар на население
Ќе се изработува Централен електронски регистар на население. Ќе служи за поедноставен пристап до сите сервисни и услужни информации од и до институциите. Конечното решение треба да биде готово до јули следната година. Ќе го реализира Министерството за информатичко општество.
-
Македонија 27.09.2017 13:41
Судот ги одби „бомбите“ како доказ во случаите „Топлик“ „Тендери“ и „Тортура“
Судиите од скопска единица кои вршат оценка на обвинителните акти за случаите „Тендери“, „Топлик“ и „Тортура“ донеле решение телефонските разговори прибавени на незаконски начин да се издвојат од листите на докази, објави Кривичниот суд преку соопштение на својата веб- страница.
-
Свет 27.09.2017 13:37
САД ја почнаа изградбата на осум прототипови на ѕидот на границата со Мексико
Стартуваше изградбата на осум прототипови на ѕидот за границата со Мексико, кој беше дел од предизборните ветувања на претседателот Доналд Трамп.
-
Македонија 27.09.2017 13:30
Бошњаковски: Регистарот на населението не е замена за попис
За поедноставен пристап до сите сервисни и услужни информации ќе се изработува Централен електорнски регистар на население. Реализацијата на проектот треба да заврши до јули 2018- та.
-
Македонија 27.09.2017 13:25
Средби на Иванов и Заев со Давутоглу
Поранешниот премиер и министер за надворешни работи, а сегашен пратеник на турската партија „Коња“, Ахмет Давутоглу, до 29-ти овој месец е во Република Македонија.
Денеска тој ќе се сретне со претседателот на државава Ѓорге Иванов и со премиерот Зоран Заев.
-
Свет 27.09.2017 12:58
Трамп против Каталонскиот референдум
Претседателот на САД Доналд Трамп и шпанскиот премиер Маријано Рахој по средбата во Белата куќа, одржаа прес-конференција на која двајцата се согласија дека се против независност на Каталонија. Гласањето е закажано за први октомври.
-
Македонија 27.09.2017 12:37
Случај „Поткуп“: Рочиштето одложено, снимката ќе биде доказ
Судот го одби барањето на обвинететиот Зоран Заев за снимката што се емитуваше на „Јутјуб“ да не биде користена како доказ во постапката за примање поткуп за што треба да пресуди надлежната судска инстанца.
-
Економија 27.09.2017 11:29
Камен- темелник на нова фабрика на „Чагатај Кабло“ во Бунарџик
Турската компанија „Чагатај кабло“ денеска во ТИРЗ Бунарџик ќе постави камен-темелник за изградба на нова фабрика. Инвестицијата се проценува на шест милиони евра и со неа ќе се отворат околу 200 директни вработувања.










