Основачот на Викиликс, Џулијан Асанж им се обрати на стотици демонстранти во Барселона преку видеолинк, порачувајќи им дека другите земји следат дали ќе успеат да го спроведат референдумот за независност.
Вести
-
Свет 27.09.2017 11:24
-
Македонија 27.09.2017 10:58
Локални избори 2017: Трет ден кампања
Партиите, коалициите и независните кандидати кои учествуваат на локалните избори закажани за 15-ти октомври и денеска, на третиот ден од кампањата, ќе одржат митинзи и средби со граѓани низ повеќе градови и населени места.
-
Свет 27.09.2017 10:52
Силен земјотрес во Јапонија
Земјотрес од 6 степени по Рихтер го погоди североисточниот дел на Јапонија. Нема податоци за жртви и повредени. Не е издадено предупредување за цунами. На терен не е регистрирана материјална штета.
-
Македонија 27.09.2017 10:51
Партиите и организациите на Македонците во Албанија бараат ослободување на Едмонд Темелко
Партиите и организациите на Македонците во Албанија бараат ослободување на градоначалникот на Пустец, Едмонд Темелко. Тој според партиите на нашинците во Албанија, никогаш не се криел, ниту бил во бегство, туку редовно се пријавувал и во скопскиот Кривичен и во Основниот суд во Ресен.
-
Македонија 27.09.2017 10:46
Ќе се формира Регистар на население
Владата вчера усвои информација за спроведување на Регистар на население што според сооштението од централната власт, во иднина треба да го замени пописот.
-
Свет 27.09.2017 10:26
Трамп е против независна Каталонија
Претседателот на САД, Доналд Трамп и шпанскиот премиер Маријано Рахој по средбата во Белата куќа, одржаа прес-конференција на која двајцата се согласија дека се против независност на Каталонија.
-
Македонија 27.09.2017 10:18
Шекеринска и Димитров на состанок на Северно- атланскиот совет посветен на Македонија
Министерката за одбрана Радмила Шекеринска и министерот за надворешни работи Никола Димитров, попладнево пред амбасадорите на Северно-атланскиот совет на Алијансата ќе го претстават Акцискиот план за членство на Република Македонија во НАТО.
-
Македонија 27.09.2017 10:11
Променливо облачно со повремени врнежи од дожд
И попладне ќе продолжи врнежливото време, најмногу на истокот од земјава. Кон крајот на денот се очекуваат поизобилни врнежи на југот. Утринската температура се движи од шест до 14, а дневната температура од 16 до 24 степени.
-
Македонија 27.09.2017 10:08
Од киматските промени најмногу ќе настрада житото
Прво промена на сортите, а потоа и одгледување на целосно нови култури на нивите, е насоката на експертите за справување со последиците од климатските промени.
-
Македонија 26.09.2017 19:51
Коалицијата предводена од СДСМ вечерва со централен митинг во Гевгелија
Коалицијата „Живот во Македонија“ предводена од Социјал- демократскиот сојуз на Македонија вечерва во Дојран,Валандово и Боданци ја продолжува изборната кампања.










