Ниту еден припадник на Министерството за внатрешни работи не смее да се става во служба на која било политичка партија, ниту да се користат материјално-технички ресурси во функција на политичка пропаганда, порача министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.
Вести
-
Македонија 25.09.2017 16:15
-
Македонија 25.09.2017 15:44
Албанската телевизија почна со емитување програма на македонски јазик
Почна емитувањето емисија на македонски јазик на вториот канал на Албанската Радио-телевизија. Ќе се емитуваат документарни емисии, музика, репортажи- вели Нико Китани од македонската редакција.
-
Економија 25.09.2017 15:22
ЕЛЕМ ќе настојува да набави сопствена механизација за ископ на јаловина и на јаглен
Менаџментот на ЕЛЕМ ќе настојува што поскоро да набави сопствена механизација неопходна за ископ на јаловина и на јаглен, со што ќе нема потреба за таа цел да се ангажираат надворешни компании за што се плаќаат високи износи кои со сериозен процент учествуваат во регулираната цена на електричната
-
Македонија 25.09.2017 15:11
Метео: Променливо облачно, слаби локални врнежи од дожд
Утре во Македонија ќе преовладува променливо облачно време со слаби локални врнежи од дожд особено во западните и источните делови од земјата.
Максималната температура ќе достигне до 24 степени. Во Скопје утре до 22 степена.
-
Македонија 25.09.2017 15:10
Вакцинирани 100 лица против мали сипаници за време на викендот
За време на викендот се вакцинирани сто лица против мали сипаници. Тие биле во непосредна близина на заболените и не ја примиле претходно задолжителната вакцинација- информираат од Центарот за јавно здравје скопје.
-
Свет 25.09.2017 15:06
Пјонгјанг: САД ќе горат во пламен ако ја нападнат Северна Кореја
САД ќе горат во пламен ако ја нападнат Северна Кореја, гласи пораката во најновото пропагандно видео што го објавија севернокорејските медиуми како предупредување до Вашингтон.
-
Македонија 25.09.2017 15:03
Министерот Поповски со отчет за сработеното
Транспарентност пред јавноста и пред медиумите, редовни брифинзи со новинарите, бесплатен пристап до информациите од Централниот регистар и Катастарот- се едни од резултатите постигнати од Владата- оценува ресорниот министер, Роберт Поповски.
-
Македонија 25.09.2017 14:55
Спасовски: МВР не смее да се користи за целите на партиските штабови
Партиите да не ги злоупотребуваат полицајците во изборниот процес. МВР не смее да се користи за целите на партиските штабови- изјави ресорниот министер Спасовски. Сите треба да бидат партнери, а ние ќе ја заштитиме веродостојноста на изборите, порача Спасовски.
-
Економија 25.09.2017 14:49
Законски измени: Храната да се донира наместо да се фрла
Храната да се донира наместо да се фрла- oва се предвидува со законските измени на Законот за храна кои треба да бидат донесени до почетокот на идната година. Законот ќе ги опфати најпрво маркетите, добавувачите и производителите, а потоа и рестораните, и домаќинствата.
-
Македонија 25.09.2017 14:43
Поранешниот турски премиер Давутоглу во посета на Македонија
Поранешниот премиер на Република Турција и пратеник од Конја Ахмет Давутоглу од утре до 29 септември ќе престојува во работна посета на Република Македонија.









