Поништен е тендерот за набавка на гумени ленти за потребите на РЕК Битола поради тоа што на последната аукција се понудени повисоки цени од планираниот буџет за нив, соопшти АД ЕЛЕМ.
Вести
-
Економија 26.09.2017 13:58
-
Македонија 26.09.2017 13:55
Распишана потерница по Едмонд Темелко
По градоначалникот на општина Пустец во Албанија, Едмонд Темелко, распишана е централна и меѓународна потерница, информираат од скопскиот Кривичен суд.
-
Македонија 26.09.2017 13:53
Се бараат механизми за финансирање на програмите за превенција и за третман на ХИВ
Поради високиот економски развој и ниската стапка на ХИВ во Македонија, земјата не може повеќе да аплицира за грантови од Глобалниот фонд. Од наредната година, средства за превенција и третман на ХИВ ќе се одвојуваат само од Буџетот. Остануваат нерешени прашања.
-
Економија 26.09.2017 13:00
До Агенцијата за вработување досега поднесени 816 барања од стечајни работници
До Агенцијата за вработување досега пристигнале 816 барања од стечајни работници за исплата на надоместок, согласно неодамна донесениот Закон за материјално обезбедување на невработени лица поради приватизација на претпријатијата со доминантна државна сопственост.
-
Македонија 26.09.2017 12:41
Повторно одложено судењето за случајот „Тврдина 2“
Повторно одложено судското рочиште за „Тврдина 2“. Судот чека известување од МВР за тоа дека е распишана потерница за Горан Грујевски, првообвинетиот во овој случај. Известување не добило ниту Специјалното јавно обвинителство.
-
Свет 26.09.2017 12:28
Продолжува жестоката реторика на релација Вашингтон- Пјонгјанг
Пентагон ќе му ги претстави на американскиот претседател Доналд Трамп сите опции за решавање на проблемот со Северна Кореја доколку продолжат провокациите.
-
Свет 26.09.2017 12:07
Западен Брег: Палестинец застрела тројца Израелци
Палестинец застрелал тројца Израелци на окупираниот Западен Брег на реката Јордан пред да биде убиен од израелските безбедносни сили.
Еден Израелец е повреден и е во критична состојба, а полицијата го окарактеризира нападот како терористички.
-
Свет 26.09.2017 11:46
Курдистан: Над 90 проценти поддршка за независност
Изборната комисија во Ербил соопшти дека според првичните резултати над 90 проценти од гласачите се изјаснија дека ја поддржуваат независноста на Ирачки Курдистан.
По гласањето ирачките Курди славеа до доцна во ноќта на улиците на Ербил, главиот град на Ирачки Курдистан.
-
Економија 26.09.2017 10:59
АВРМ ќе информира за примената на Законот за стечајци
Агенцијата за вработување на прес- конференција денеска ќе информира детално за примената на Законот за материјално обезбедување на невработените лица поради приватизација на претпријатијата со доминантна сопственост на државата.
-
Свет 26.09.2017 10:31
Пентагон со предлози за решение за Корејската криза
Пентагон ќе му ги претстави на американскиот претседател Доналд Трамп сите опции за решавање на проблемот со Северна Кореја доколку продолжат провокациите.










