„Продолжете да работите демократски на започнатите реформи.
Вести
-
Македонија 21.09.2017 13:43
-
Македонија 21.09.2017 13:33
ВМРО-ДПМНЕ: Царината потврди- нема извоз од Санос
ВМРО- ДПМНЕ го повика обвинителството да отвори постапка за скандалот со фабриката „Санос“, пред неосновано да почне исплаќањето милионски износи на државни субвенции. Според оваа партија, фабриката има само три вработени, а треба да произведе 70 автобуси.
-
Свет 21.09.2017 13:27
Врие во Шпанија, илјадници Каталонци на улица
Сепаратистите во Каталонија повикуваат на „мобилизација“ откако шпанската влада приведе 14 службеници на регионалната влада поради плановите за спроведување на референдумот за независност и покрај одлуката на централната власт.
-
Свет 21.09.2017 13:23
Ураган „Марија“: Порторико во мрак
Ураганот „Марија“ ја зеде првата жртва во Порторико. Над 3,5 милиони луѓе се без струја, а делови од островот се соочуваат со катастрофални поплави. Властите проценија дека ќе бидат потребни најмалку 4 месеци да се врати функционалноста на системот за електродистрибуција.
-
Македонија 21.09.2017 13:06
Кумуцакос: Коѕиас нема мандат и кредибилитет за да разговара за името
Коѕиас нема преговарачки мандат и кредибилитет за да разговара за името. Која е неговата позиција? Оваа игра со националните прашања е завршена- изјави пратеникот од грчката опозициска Нова Демократија, Јоргос Кумуцакос, во Парламентот во Атина.
-
Македонија 21.09.2017 12:41
Средба Димитров- Коѕиас во Њујорк
Во Њујорк средба меѓу македонскиот и грчкиот шеф на дипломатијата, Димитров и Коѕиас. Имале заедничка вечера. Фотографиите ги објави Министерството за надворешни работи во Атина.
-
Македонија 21.09.2017 12:37
Заев на дипломатски прием кај Трамп
Македонскиот премиер Зоран Заев со сопругата Зорица, беа на дипломатски прием кај американскиот претседател Доналд Трамп. Овој прием, традиционално се организира за време на Генералното собрание на Обединетите Нации во Њујорк.
-
Македонија 21.09.2017 12:34
Кривична пријава против градоначалникот на Штип, Илчо Захариев
Штипската полиција поднесе кривична пријава против градоначалникот Илчо Захариев поради сомнение дека ја злоупотребил службената положба. Градоначалникот се товари дека незаконски склучил договор со штипска фирма за уредување на градежно земјиште.
-
Македонија 21.09.2017 12:30
Заев- Хан: Демократските процеси и реформи во Македонија важни за перспективите на целиот регион
„Продолжете да работите демократски на започнатите реформи. Тоа што ќе го постигнете е важно за песпективите на вашата држава и за целиот регион“- порачал еврокомесарот Јоханес Хан на средбата со премиерот Зоран Заев во Њујорк.
-
Свет 21.09.2017 11:37
Мексико: Се трага по исчезнатите во урнатините од земјотресот
Спасувачите во мексико трагаат по исчезнатите во урнатините од земјотресот. Меѓу стотиците загинати има и многу деца. Дваесетина ученици настрадаа откако се урна училиште.










