Германската компанија „Акомпласт“ и официјално ја почна својата инвестиција во технолошко- развојната зона Алинци кај Прилеп. Преку компанијата- ќерка „Инџекшн Молдинг- Прилеп“ го почнува производството на пластично моделирани делови за автомобилската индустрија во Европа.
Вести
-
Економија 21.09.2017 16:49
-
Македонија 21.09.2017 16:32
Уште еден приведен за насилството во Собранието
Уапсен е 47 годишн Кумановец кој веќе неколку месеци не беше достапен на органите на прогонот. Полицијата го привела утрово. Се товари за учество во толпа во настаните што се случија на 27-ми април во Собранието на Република Македонија.
-
Македонија 21.09.2017 16:28
20.000 луѓе во Македонија боледуваат од Алцхајмер, 10% се покриени со терапија
Второ невролошко заболување по мозочен удар, е Деменција, Алцхајмер. Со зголемување на животниот век, расте и бројот на пацинети со оваа болест, велат лекарите.
-
Македонија 21.09.2017 16:17
Метео: Променливо облачно и свежо време
Утре во Македонија ќе преовладува променливо облачно и свежо време со умерен повремено засилен ветер од северозападен правец особено во источните делови. Максималната температура ќе достигне до 23 степени. Во Скопје утре до 20 степени.
-
Економија 21.09.2017 16:14
Споровите од мала вредност да се решаваат во брза постапка
За земјите на Западен Балкан е карактеристичен релативно краткиот рок за застарување на побарувањата за неплатени комунални услуги од физички лица. Овие побарувања се и најмногубројни меѓу т.н. мали побарувања.
-
Македонија 21.09.2017 15:23
Собрание: Дебата за Законот за јазици
Секој со своите аргументи за и против Законот за употреба на јазиците. Се дебатира од тоа дека се прави обид да се прикрие криминал, до тоа оти дебатата е во корист на престојните локални избори.
-
Македонија 21.09.2017 15:21
Салији: СЈО ќе стане дел од Јавното обвинителство
Специјалното јавно обвинителство ќе стане дел од Јавното обвинителство. Ова е предвидено со Нацрт- стратегијата за реформи во правосудството до 2022 година, изјави на прес- конференцијата, ресонриот министер Билен Салији, по презентирањето на отчетот за сработеното во првите сто дена.
-
Економија 21.09.2017 14:58
Има побарувачка за мед, проблем е нелојалната конкуренција
Има побарувачка за македонскиот мед- велат пчеларите, но се жалат на нелојална конкуренција. Предупредуваат дека се увезува мед кој е поевтин, но лош за здравјето на луѓето. Бараат овој продукт да се набавува од лиценцирани производители. Апелираат да се купува природен мед.
-
Култура 21.09.2017 14:25
„Папагалот Историко“ - премиерно во Драмски театар
„Папагалот Историко“ е драматизација на романот „Монументи на глупоста“ од Љубиша Георгиевски. Оценете сами, вели авторот Сашко Насев- ни треба уметнички театар или не, прашањето е сега.
-
Економија 21.09.2017 13:54
Просечната нето- плата во јули изнесува 22.671 денар
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во јули 2017-та изнесува 22.671 денар, соопшти Државниот завод за статистика. Според податоците, просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во јули годинава, во однос на јули минатата година, пораснала за 1,5%.










