Промовирани две нови аудио изданија од едицијата „Незаборав“, кои се надоврзуваат на претходните 4 аудио записи во кои се содржани по 19 композиции македонски изворни песни.
Вести
-
Култура 16.03.2017 14:49
-
Свет 16.03.2017 14:14
Писмо-бомба експлодираше во ММФ во Париз
Писмо- бомба експлодираше во Меѓунардониот монетарен фонд во Париз при што е повредено едно лице. Во Франција сѐ уште трае вонредната состојба воведена по терористичките напади.
Претходно, во германското Министерство за финансии стигна пакет-бомба наменет за министерот Волфганг Шојбле.
-
Македонија 16.03.2017 13:59
Реконструкција на паркот „Жена борец“
Градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски и директорот на ЈП „Паркови и зеленило“ Душан Авировиќ денеска извршија увид во градежните работи за реконструкција на паркот „Жена борец“.
-
Македонија 16.03.2017 13:46
Речиси 130 илјади вработени во јавниот сектор
Во јавната администрација работат речиси 130 илјади вработени во 1.291 институција запишани во државниот регистер. Просечната возраст е 45 години, според половата структура преовладуваат жените. Има минорен тренд на зголемување на вработеноста од само еден процент.
-
Македонија 16.03.2017 13:21
Продолжуваат протестите на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“
И денеска продолжуваат протестите на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ за зачувување на унитарноста на Македонија.
-
Економија 16.03.2017 13:21
Сигурност во снабдувањето со стоки и енергенси
Компании од енергетскиот, транспортниот, металниот и металуршкиот сектор и надлежните државни институции на тркалезна маса во Стопанската комора ги анализираат можностите и алтернативите за сигурност во снабдувањето со стоки и нафтени деривати.
-
Македонија 16.03.2017 12:57
Иванов се обрати на претседателската сесија на Глобалниот форум во Баку
Иванов се обрати на претседателската сесија на Глобалниот форумот во Баку, Азербејџан, на тема „Иднината на меѓународните односи: Моќ и интереси“. За време на работната посета, предвидено е претседателот Иванов да оствари билатерална средба со претседателот на Азербејџан, Илхан Алијев.
-
Македонија 16.03.2017 12:50
Димитриев на средба на премиерите од Западен Балкан
Во Сараево во тек е состанокот на премиерите од земјите на Западен Балкан на кој присустува и претседателот на Владата на Република Македонија Емил Димитриев.
-
Македонија 16.03.2017 12:46
Претседателот Иванов ја одложува посетата на Австралија
Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов донесе одлука за одложување на посетата на Австралија, велат од неговиот Кабинет.
-
Свет 16.03.2017 12:33
Брисел здивна по победата на либералите на Руте
Лавина честитки за либералите на холандскиот премиер Марк Руте кои освоија најмногу гласови на изборите, односно 33 места во парламентот со 150 членови.










