Француската полиција заплени над тон кокаин пренесен од Колумбија, во вредност од 100 милиони евра.
Уапсени се десет лица од Колумбија, Франција, Шпанија и Холандија поради сомнение дека се вмешани во транспортот на дрогата.
Француската полиција заплени над тон кокаин пренесен од Колумбија, во вредност од 100 милиони евра.
Уапсени се десет лица од Колумбија, Франција, Шпанија и Холандија поради сомнение дека се вмешани во транспортот на дрогата.
Од 17-ти декември годинава ќе биде воспоставена директна авио линија од Скопје до Цирих со швајцарската авиокомпанија „Германија флуг АГ“, соопшти денеска ТАВ Македонија.
Македонија одамна требаше да биде членка на НАТО и да ги почне преговорите за влез во ЕУ, смета унгарскиот шеф на дипломатијата Сијарто. Со неговиот домаќин Попоски разговарале и за билатералната соработка и за мигрантската криза.
13 гранкови синдикати со поддршка на Живко Митревски и неговата функција прв човек на ССМ. Велат дека ниту еден од нив не присуствувал на Советот, ниту некогаш разгледувале иницијатива за отповикување на Митревски.
До Државната изборна комисија во законскиот рок до полноќ, финансиски извештаи за приходите и расходите за првите десет дена од изборната кампања доставиле сите коалиции и партии учесници на изборите на 11-ти декември.
Генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун се извини за улогата на организацијата во ширењето на епидемијата на колера на Хаити во 2010 година.
Епидемијата била предизвикана од непалски „сини шлемови“ кои фрлале отпад во река.
Боливиските воздухопловни власти ја укинаа на неодредено време лиценцата на авиокомпанијата „Ламија“, сопственик на авионот што се урна во Колумбија.
Според провладините медиуми во Сирија, силите на претседателот Асад напредуваат во источно Алепо. Противниците од групата ал-Ислам демантираат, нагласувајќи дека тие зазеле уште неколку згради во подрачјето.
Новата фабрика на ОДВ Електрик во Охрид се очекува да почне со производство во првиот квартал од наредната година.
Најголемата безбедносна закана по Соединетите Американски Држави во 2017-та година ќе бидат терористичките напади изведени од саморадикализирани поединци инспирирани од Исламската држава.