Телефонскиот број 0800 555 44 на кој што може да се пријавуваат изборни нерегуларности не функционира поради технички проблеми, потврдија од Државната изборна комисија.
Вести
-
Македонија 24.11.2016 11:36
-
Свет 24.11.2016 11:06
Ноемвриски снег во Токио за прв пат по 50 години
За прв пат во последните 5 децении, граѓаните на Токио видоа ноемвриски снег. Заснежените коловози предизвикаа забавување на сообраќајот.
„Денеска излегов порано од дома. Малку ми е тешко да пешачам, а и не гледам баш најјасно.“
-
Свет 24.11.2016 10:54
Нов силен земјотрес во Фукушима, тревога за цунами
Земјотрес од 6,1 рихтери ја погоди јапонската префектура Фукушима. Издадена е тревога за цунами, но според метеоролозите, висината на брановите ќе биде минимална така што нема да предизвикаат штета.
-
Македонија 24.11.2016 10:35
Вработените во „Југохром“ на протест во Скопје
Синдикатот на вработените во „Југохром“ на нов мирен протест, овојпат пред Судската палата во Скопје. Работниците ќе протестираат против, како што велат, неоправданото исклучување на печките на комбинатот од Јегуновце.
-
Македонија 24.11.2016 10:29
Полкот за специјални операции ќе изведе вежби на „Криволак“
На армискиот полигон „Криволак“, Полкот за специјални операции ќе изведе вежбовни активности со кои ќе биде презентирана врвната обученост на популарните Волци и Ренџери.
-
Македонија 24.11.2016 10:20
Продолжува претставувањето на политичките партии
Продолжува предизборната кампања. Коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ, митинзи ќе одржи во скопските општини Аеродром и Карпош.
СДСМ и коалициските партнери програмата ќе ја претстават пред жителите на Гостивар и Тетово.
-
Свет 24.11.2016 10:14
Трамп ја екипира својата администрација
Гувернерот на Јужна Каролина, Ники Хејли прифати да биде амбасадор на САД во Обединетите нации во администрацијата на новоизбраниот претседател Доналд Трамп. Хејли е ќерка на имигранти од Индија, мајка на двајца тинерџери и сопруга на капетан во крајбрежната стража.
-
Економија 24.11.2016 10:10
Тутун: Откупот го почнаа четири монополи
Од вкупно десетте, досега само четири монополи го почнаа откупот на тутунот. Во првата недела откупени се 870 тони тутун со просечна цена од 183 денари за килограм што е минимално повисока од ланската која изнесуваше 182 денари.
-
Македонија 24.11.2016 10:06
Аеродромот „Александар Велики“ отворен и функционира нормално
Авионот на „Туркиш Ерлајнс“ кој привремено беше задржан на аеродромот „Александар Велики“ во Скопје, по извршените безбедносни проверки, синоќа околу 23 часот полетал за Истанбул.
-
Македонија 23.11.2016 16:24
Аерозагадување: Да се користат заштитни маски и антиоксиданси
Аерозагадувањето стана хроничен проблем на Скопје. Надлежните го вклучија алармот. Маглата се врати, а со неa и смогот и отровните честички. Измешан со грипот тој може да има катастрофални последици по човечкото здравје, велат лекарите. Расте бројот на пациенти на Клиниката за пулмологија.









