Дваесет и пет припадници на полицијата на Словачка на 7-ми овој месец ќе пристигнат во Македонија за да спроведуваат заеднички патролни активности со македонските колеги на државната граница со Грција, информира денеска Амбасадата на Република Словачка во Скопје.
Вести
-
Македонија 04.11.2016 13:25
-
Свет 04.11.2016 12:56
Турција: Уапсени двајцата лидери на турските Курди
Двајцата потпретседатели на Курдската народна демократска партија синоќа биле уапсени, заедно со уште девет други пратеници на партија.
-
Македонија 04.11.2016 12:45
Димитриев во Рига на Самит на земјите од средна и источна Европа и НР Кина
Владина делегација предводена од премиерот за спроведување на изборите Емил Димитриев, од денеска до 6-ти ноември ќе престојува во Рига, Република Летонија, каде се предвидени поголем број активности во рамки на Самитот на земјите од средна и источна Европа и Народна Република Кина.
-
Свет 04.11.2016 12:42
САД во Европа ќе распоредат околу 6.000 војници
САД оваа зима во Европа ќе распоредат околу шест илјади војници, јави ТАСС, повикувајќи се на претставници во Пентагон. Дополнителната оклопно-тенковска бригада, која ќе биде испратена во Европа, се состои од четири илјади лица.
-
Свет 04.11.2016 12:07
Викиликс: Клинтон знаела дека ИД се финансира од Катар и Саудиска Арабија
Кандидатката за претседател на САД од Демократската партија, Хилари Клинтон, како што покажува нејзината кореспонденција, знаела дека групацијата Исламска држава се финансира од владите на Катар и Саудиска Арабија, изјави основачот на Викиликс, Џулијан Асанж во интервју за телевизијата „Раша туде
-
Економија 04.11.2016 12:02
Од 15-ти декември во оптек нови банкноти од 200 и од 2.000 денари
Народната банка на Република Македонија од 15-ти декември годинава ќе ги пушти во оптек книжните пари во апоени од 200 и 2.000 денари, а истовремено ќе ги повлече од оптек банкнотите од 5.000 денари.
-
Свет 04.11.2016 11:30
Стејт Департментот објави нови мејлови на Клинтон
Стејт Департментот објави нови мејлови на кандидатката на Демократите за претседател Хилари Клинтон. Електронските писма биле откриени при истрага на ФБИ за користење приватен сервер на Клинтон при испраќање мејлови со доверливи информации во времето додека била државен секретар.
-
Македонија 04.11.2016 11:29
Стабилно и топло време за викендот
Стабилно и релтивно топло време ќе има за време на претстојниот викенд. По одделни котлини, како што соопштуваат од УХМР, ќе има појава на магла.
-
Свет 04.11.2016 11:07
Стапи во сила Договорот за климатските промени
Парискиот Договор за климатските промени и официјално стапи во сила. Со тоа околу 200 земји ќе треба да почнат со исполнување на своите планови за намалување на штетните емисии на гасови.
-
Македонија 04.11.2016 10:45
Девојка починала од труење со јаглероден моноксид во Скудриње
Дваесет и едногодишна девојка починала, а нејзината постара сестра (22) се лекува на скопските клиники откако се затруле со јаглероден моноксид во просторијата во која спиеле во долнореканското село Скудриње.










