Згаснаа печките на „Југохром“. Раководството на комбинатот постапи по одлуката на Државниот инспекторат за животна средина, кој донесе решение за исклучување на сите печки, поради непочитување на крајниот рок за поставување филтри на оџаците.
Вести
-
Економија 03.11.2016 13:07
-
Македонија 03.11.2016 13:02
Случај „Трезор“: Распит на осомничени во Кривичниот суд
Во скопскиот Кривичен суд распит кај судија на претходна постапка на осомничените во случајот „Трезор“.
-
Свет 03.11.2016 12:55
Нов земјотрес ја потресе централна Италија
Нов земјотрес со сила од 5 степени според Рихтеровата скала, синоќа ја потресе централна Италија. Епицентарот бил на 50-ина километри југоисточно од Перуџа, на длабочина од 10 километри.
-
Свет 03.11.2016 12:01
Турција се закани: Ќе го стопира договорот за бегалците
Турција ѝ се закани на Европската унија дека ќе го стопира договорот за бегалците пред крајот на годинава, доколку Брисел наскоро не ги исполни барањата на Анкара и не ги укине визите за турските државјани за патување во Унијата.
-
Македонија 03.11.2016 11:09
Четврта светска конференција за меѓурелигиски и меѓуцивилизациски дијалог
Во Битола ќе се одржи четвртата по ред светска конференција за религиски и меѓуцивилизациски дијалог. Ќе учествуваат повеќе од 150 претставници од сите светски религии, невладини организации, професори и експерти.
-
Свет 03.11.2016 10:43
Франција затвора четири џамии поради радикална идеологија
Францускиот министер за внатрешни работи Бернар Казнев наредил да бидат затворени четири џамии, за кои се претпоставува дека проповедаат радикална идеологија.
-
Свет 03.11.2016 10:37
Судир на два воза во Карачи, најмалку 17 жртви
Два воза се судрија во пакистанскиот град Карачи, при што загинаа најмалку 17 лица, соопштија здравствените власти.
50 лица се пренесени во болница, изјави Семин Џамали, началник на ургентниот оддел во локална болница.
-
Македонија 03.11.2016 10:06
Тешка сообраќајка: Тројца загинати при судар на „Форд“ и трактор
Тешка сообраќајка кај село Букојчани, Кичевско. Загинаа три лица, а уште две се повредени. Според информациите, автомобил „Форд“ удрил во трактор, кој возел по патот без светла.
-
Македонија 03.11.2016 10:04
САД со непроменет став за нашето уставно име
Во неодамна објавениот и-меил од страна на „Викиликс“, шефот на изборниот штаб на Хилари Клинтон, Џон Подеста, којшто е грк по потекло, ја нарекува Македонија како Поранешна Југословенска Република Македонија.
-
Економија 03.11.2016 10:02
„Леар“ го отвора производствениот капацитет во Тетово
Во индустриската зона во Тетово се отвора новата фабриката на американската компанија „Леар“. Водечкиот глобален набавувач на автомобилски седишта и системи за електрична дистрибуција, најави дека ќе бидат ангажирани околу 2 илјади работници.










