Коалицијата Клуч, Демократскиот фронт, Демократската партија и Социјалдемократската партија не ги признаваат резултатите од гласањето на парламентарните избори во Црна Гора.
Вести
-
Свет 18.10.2016 11:01
-
Македонија 18.10.2016 10:19
Привремено затворање на тунелот кај Демир Капија
Денеска од 21 до 22 часот ќе биде привремено затворен тунелот Демир Капија за сите категории возила поради изградба на јавен пат и инсепкција на тунелот.
Се препорачува внимателно возење и почитување на поставената сигнализација.
-
Свет 18.10.2016 10:16
Трамп и Клинтон сѐ уште во тесна трка
За првпат во американската историја, над 50 проценти од Американците не ги одобруваат претседателските кандидати Доналд Трамп и Хилари Клинтон. Клинтон има 47 проценти поддршка, а Трамп 43 отсто во најновата анкета на „Ен-Би-Си“ и „Вол стрит журнал“.
-
Економија 18.10.2016 10:10
Технома 2016: Над 160 домашни и странски изложувачи
Над 160 изложувачи од Македонија, Италија, Австрија и Германија од денеска до сабота ќе се претставуваат на меѓународниот саем „Технома“ во Скопје.
На саемот ќе се претстават и 30-ина почетнички компании кои се очекува да го најдат своето место на пазарот.
-
Македонија 18.10.2016 10:02
Бербата на јаболкото завршува, се чекаат трговците
Пролетните мразови го десеткуваа родот на јоболкото во ресенско. Од просечните 125.000, годинава се очекува да се наберат најмногу 50.000 тони.
-
Македонија 18.10.2016 09:56
Вељаноски денеска ќе ги распише предвремените парламентарни избори
По вчерашнето распуштање на Собранието, претседателот Трајко Вељаноски денеска напладне треба да го потпише решението за распишување предвремени избори за пратеници на Република Македонија.
-
Македонија 18.10.2016 09:43
Јолевски на министерски состанок на земјите од СЕДМ во Рим
Министерот за одбрана Зоран Јолевски денеска во италијанската престолнина ќе присуствува на состанокот на министрите за одбрана на земјите членки на Процесот за соработка во Југоисточна Европа.
-
Македонија 17.10.2016 16:51
Собранието се распушти
Собранието на Република Македонија попладнево ја донесе одлуката за распуштање. За одлуката гласаа 110 пратеници. Немаше против и воздржан. Собранието претходно денеска го донесе Буџетот за 2017 година, со што се создаде услов за распуштање на овој пратенички состав.
-
Македонија 17.10.2016 16:46
МВР и синдикатот се договорија за измена на колективниот договор
Полицајците кои работат во издвоени објекти, по 12 часовна работа ќе имаат 12 часа платен одмор и три сободни денови. Ова е регулирано со Анекс на Колективниот договор, кој денеска го потпиушаа Македонскиот полициски синдикат и министерот за внатрешни работи.
-
Економија 17.10.2016 16:36
Експресно донесен буџетот за 2017-та
Експресно во еден ден, Собранието го донесе буџетот на земјава за 2017-та. Владиниот предлог го поддржаа 72-ца пратеници, а 33 гласаа против.










