На Хаваи заврши едногодишниот експериментален проект на НАСА за симулација на живот на Марс. Од 29 август лани, шест лица живееја во целосна изолација еден од друг, без свеж воздух и со конзервирана храна.
Вести
-
Свет 29.08.2016 13:56
-
Македонија 29.08.2016 13:33
Трет круг гласање за избор на генерален сектеретар на ОН
Денеска во Обединетите нации (ОН) ќе се одржи третиот круг на гласање за избор на генерален секретар на светската организација.
-
Свет 29.08.2016 13:31
Над 60 жртви во напад на Исламска држава во Јемен
Во самоубиствен напад врз воен камп за обука во Аден загинаа најмалку 60 лица. Исламска држава ја презеде одговорноста.
-
Македонија 29.08.2016 13:18
Нови распити во СЈО
Продолжуваат распитите во Специјалното јавно обвинителство. Денеска во обвинитетсвото на распит бил бизнисменот Орце Камчев. Тој не дал изјава за медиумите.
-
Македонија 29.08.2016 13:15
Завршуваат проверките на спорните гласачи
Истекува рокот до кога ДИК треба да ги направи дополнителните проверки со спорните гласачи. Согласно со веќе утврдениот извештај на комисијата, не поднеле пријава 30.467 од вкупно 39.502 спорни гласачи.
-
Македонија 29.08.2016 13:02
МВР доби 25 возила- донација од Чешка
Со помош од чешката влада, Министерството за внатрешни работи набави нови возила за справување со мигрантската криза. Вкупната донација е 740 илјади евра.
-
Македонија 29.08.2016 12:52
Финансиска поддршка на средношколци од социјален ризик
Од денеска распишан јавниот повик за условен паричен надоместок за учениците во средните училишта кои потекнуваат од социјално ранливите категории. Заинтересираните може да аплицираат во центрите за социјалани работи до 30 септември, за ова се обезбедени 72 милиони денари.
-
Македонија 29.08.2016 11:57
Нов состанок на ад хок комисијата за медиуми за избор на петтиот член
Членовите на Привремената комисија за следење на медиумското претставување денеска на пладне ќе продолжат со средбите чија цел е да се постигне консензус за избор на петтиот член на ова тело кое, преку Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги треба да носи заклучоци за известувањето в
-
Свет 29.08.2016 11:51
Сириски авиони бомбардираа кварт во Хомс
Сириски авиони го бомбардираа квартот Ал Ваер во Хомс, што го контролираат бунтовниците. Според локалните жители, во серијата напади загинале најмалку седум лица, а десетици се ранети.
-
Свет 29.08.2016 11:42
Ердоган: Турција ќе се бори против ИД и курдските милитанти
„Турција ќе се бори и против курдските милитанти и против џихадистичката групација Исламска држава“, изјави претседателот Реџеп Таип Ердоган на собирот во Газинатеп каде што загинаа 55 лица во напад за време на свадба.










