Во напад на турските воздушни сили врз позиции на курдските бунтовници на југоистокот од Турција загинале 13 курдски борци.
Нападот бил изведен во неделата по безбедносна дојава дека членови на Работничката партија на Курдистан делуваат во околината на провинцијата Сирт.










