Вести

  • Македонија 12.05.2016 10:17

    ВМРО-ДПМНЕ поднесе кандидатски листи, СДСМ, ДУИ и ДПА не одат на избори

    ВМРО-ДПМНЕ до Државната изборна комисија (ДИК) синоќа поднесе листи со имиња на кандидати за пратеници, за предвремените парламентарни избори закажани на 5-ти јуни. Листи до ДИК, како што претходно најавија, не доставија СДСМ, ДУИ и ДПА.

  • Свет 12.05.2016 10:14

    Побарувачката на енергија ќе се зголемува

    Побарувачката на енергија ќе расте до 2040-та поради зголемување на индустриското производство. Јагленот се уште е главно гориво, но во наредните децении, природниот гас, обновливите извори на енергија и јагленот ќе учествуваат со по една третина во производството на енергија во светот.

  • Економија 12.05.2016 10:07

    Зголемено земјоделско производство

    Земјоделските површини во 2015-та се зголемени за 0,1 процент во споредба со претходната година.

    Кај ораниците и бавчите за 0,4 кај овоштарниците за 3,6 и кај лозјата за 0,8 проценти.

    Намалување пак е забележано кај ливадите од 0,8 до 0,1 отсто кај пасиштата.

  • Македонија 12.05.2016 10:04

    Јоханес Хајндл на средби во Македонија

    Денеска и утре во Македонија престојува германскиот специјален пратеник, амбасадорот  Јоханес Хајндл. Во земјава ќе разговара со лидерите на партиите- потписнички на Пржинскиот договор за изнаоѓање решение за политичката криза.

  • Македонија 11.05.2016 17:11

    Метео: Нестабилно со пороен дожд

    Утре во Македонија претпладне ќе преовладува сончево време, а во попладневните часови почнувајќи од запад се очекува нестабилност со краткотраен пороен дожд.

  • Македонија 11.05.2016 17:00

    Македонија привлечна за авантуристите

    Македонија е една од најатрактивните туристички дестинации во Европа за луѓето кои трагаат по авантури.

  • Македонија 11.05.2016 16:36

    ВМРО-ДПМНЕ ќе достави листи за кандидати за пратеници

    ВМРО-ДПМНЕ ќе достави листи за кандидати за пратеници, потврди за МТВ директорот на Центарот за комуникации на партијата, Иво Котевски. Извршниот и Централниот Комитет на партијата доцна синоќа заклучиле дека нема поголем приоритет од почитување на Уставот и законите на државата.

  • Македонија 11.05.2016 16:22

    Одложено судењето на браќата кои нападнаа доктор на Дигестивна хирургија

    Се одложи судењето на браќата кои се обидоа да го убијат хирургот што ја оперираше нивната мајка, по што таа почина, а истовремено нападнаа и член на обезбедувањето на Клиничкиот центар.

  • Економија 11.05.2016 16:19

    „Мериот“ ги отвори вратите за посетителите

    По шест години, „Мериот“ ги отвори вратите за посетителите. Првите гости пристигнаа  од Германија и Холандија. Инвеститорот вели дека ова е прв хотел на „Мериот“ од оваа категорија на Балканот, изградбата чинела 30 милиони евра.

  • Македонија 11.05.2016 15:57

    Истекува рокот за кандидатски листи

    Според роковникот за извршување на изборните дејствија, на полноќ истекува рокот за поднесување листи на кандидати за пратеници.Од ДУИ и од ДПА за МТВ потврдија дека до Државната изборна комисија нема да достават кандидатски листи.

Pages