Еден од командантите на Хезболах е убиен во Дамаск, Сирија, информираше милитантната организација во Либан.
Мустафа Бедредин загина по големата експлозија во близина на аеродромот во Дамаск, а според неофицијални извори, неговото ликвидирање се поврзува со нападот на Израел.










