Оценката на ЕУ и САД за тоа дали има услови за одржување кредибилни избори на 24-ти април ќе биде објавена денеска попладне.
Евроамбасадорот Аиво Орав, неделава одговарајќи на новинарско прашање изјави дека проценката се уште е во подготовка.
Оценката на ЕУ и САД за тоа дали има услови за одржување кредибилни избори на 24-ти април ќе биде објавена денеска попладне.
Евроамбасадорот Аиво Орав, неделава одговарајќи на новинарско прашање изјави дека проценката се уште е во подготовка.
Времето денеска во Македонија ќе биде претежно облачно и посвежо, со повремени врнежи од дожд, а на планините врнежите ќе бидат од снег. Повеќе врнежи се очекуваат во северните и западните делови каде на планините ќе се формира нова снежна покривка.
Се очекува оценката од Eвропската унија и од Соединетите Американски Држави за подготвеноста на земјава да организира избори на 24-ти април.
Од седиштата на Брисел и на Вашингтон во Македонија нема официјална информација кога ќе бидат соопштени детали од извештајот.
Додека Турција ги бара виновниците за нападите кои што минатите два дена ја потресоа турската и светската јавност, денеска нов напад, двајца турски војници и еден полицаец се убиени во напад на курдските екстремисти во Дијарбекир, на југоистокот на земјата.
Реномираниот британски „Фајненшл тајмс“ ја објави публикацијата „ЕФ-ДИ-АЈ Магазин“ со табелите на рангирани повеќе од сто градови од Европа, поделени во десетина економски категории, со најголем и најповолен потенцијал за привлекување странски инвестиции.
ВМРО-ДПМНЕ и Сојузот на стопански комори на заедничка маса. Бизнисмените предложуваат сет мерки кои треба да ја подобрат деловната клима во земјава.
Книгата била и ќе остане најдобриот другар. Со секој прочитан ред се осознават нови нешта.
Брзото растење на диоптријата ќе може да се спречи со новата метода која ќе се применува на Клиниката за офталмологија. Годишно, 30-ина пациенти ќе можат да ја направат интервенцијата на сметка на Фондот за здравство. Надлежните велат дека ако се јават повеќе пациенти, ќе се прошири листата.
Од засега непознати причини 21- годишната родилка Симона Блажеска од прилепско Беровци ноќеска почина во прилепската градска болница. Блажеска вчера околу 13 часот се породила, родила здраво машко дете, се било во ред до вечерта.