Вести

  • Македонија 19.02.2016 15:15

    Се чека одлука за жалбите на СЈО

    Кривичниот совет треба да одлучи по жалбите на обвинителството на Јанева за преостанатите пет осомничени за изборни нерегуларности на кои исто така не им беше изречена мерка притвор.

  • Македонија 19.02.2016 15:13

    Фишер: Предвремени избори на 24-ти април

    Претседателот на групата на Европски народни партии и на Демохристијаните во Парламентарното собрание на Советот на Европа, Аксел Фишер, преку пишана изјава го поддржа одржувањето на предвремените парламентарни избори во Македонија на 24-ти април.

  • Македонија 19.02.2016 15:08

    Образование: Реконструкција на 60 училишта и изградба на уште 6 нови

    Градење на 10 нови училишта и реконструција на 60 низ цела држава е предвидено за  годинава.  Во дел од училиштата веќе се спроведуваат активностите, а другите ќе почнат во зависност од временските услови.

  • Култура 19.02.2016 14:52

    Со низа проекти Кинотеката на Македонија ќе одбележи 40 години постоење

    Ќе се реконструираaт покривот на Кинотеката и музејската постанoвка наменета за „Вардар филм“ и за светската кинематографија. Промоцијата е на 27-ми октомври, на Светскиот ден на аудиовизуелното наследство.

  • Свет 19.02.2016 13:15

    Нов напад на турските безбедносни сили

    Двајца турски војници и еден полицаец се убиени во напад на курдските екстремисти во Дијарбекир, на југоистокот на Турција.

  • Македонија 19.02.2016 13:05

    Организиран транспорт на мигрантите

    Полициите на Хрватска, Австрија, Словенија, Србија и на Македонија во Загреб се договорија на Македонско-грчката граница да се врши контрола и регистрација на мигрантите кои потоа организирано ќе се превезуваат од држава до држава, со крајна дестинација Австрија и Германија.

  • Македонија 19.02.2016 12:53

    Почина родилка во Прилеп, од болницата тврдат преземени сите потребни мерки

    Во прилепската општата болница, ноќеска околу два часот по полноќ, при породување починала родилка. Новороденчето, кое е од машки пол е живо.

    Директорот на болницата Петар Ристевски рече дека навреме биле преземени сите потребни мерки за да се спаси животот на 21-годишната родилка.

  • Македонија 19.02.2016 12:39

    За 24 часа издадени 1.212 потврди за азил

    Во изминативе 24 часа издадени се потврди за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил на вкупно 1.212 странски државјани, од кои 493 од машки и 269 од женски пол, како и на 439 деца кои го придружуваат носителот на потврдата и 11  деца кои патувале без родител, сооп

  • Македонија 19.02.2016 12:35

    Нова средба на работните групи за медиумите

    Нема договор на работните групи за медиумите. Белгискиот посредник Питер Ванхауте доцна синоќа изјави дека ситуацијата во моментот е блокирана. Одговорноста ја лоцираше кај 4-те политички партии.

  • Македонија 19.02.2016 12:31

    Расте бројот на заболени од грип, најмногу во Скопје

    Расте бројот на заболени од грип. Во периодот од 8-ми до 14-ти февруари во државава од 30 извештајни единици се пријавени 4.230 случаи на грип или заболувања слични на грип, што е зголемување за 35 насто во однос на минатата недела, информираат од Институтот за јавно здравје.

Pages