Шест лица се повредени, од кои едно потешко во сообраќајната несреќа што се случи вчера попладне на регионалниот пат Тетово - Јажинце на мостот на Вратничка Река.
Причинета е материјална штета од 100 илјади денари, информираат од СВР Тетово.
Шест лица се повредени, од кои едно потешко во сообраќајната несреќа што се случи вчера попладне на регионалниот пат Тетово - Јажинце на мостот на Вратничка Река.
Причинета е материјална штета од 100 илјади денари, информираат од СВР Тетово.
Во галеријата на Младинскиот културен центар од денеска до 16-ти март ќе биде поставена ексклузивна изложба на дела од големиот шпански сликар Пабло Пикасо.
Ќе бидат претставени 46 графички дела - факсимили на цртежи, литографии и одделни гравури, од периодот 1932 - 1969 година.
Јужнокорејското министерство за одбрана соопшти дека претстојните годишни воени вежби на Јужна Кореја и на САД ќе бидат најголеми досега.
Тоа е знак на зголемените тензии со Северна Кореја која неодамна изведе нуклеарни и тестови на балистички проектили.
Инспектори од Одделението за истраги при Царинската управа открија случај на неовластена продажба на алкохолни и енергетски пијалоци, при што е запленета поголема количина од споменатата, но и друга разна стока.
Земјите од ЕУ ветија дека ќе ги зголемат напорите во борбата против тероризмот по терористичкиот напад во турската престолнина Анкара.
Турската армија изведува интензивни воздушни напади врз регионите под контрола на курдите во северна Сирија, пренесуваат француските медиуми.
Амбасадорите на Европската унија и на САД, Орав и Бејли, треба да ја претстават нивната процена дали се исполнети условите за одржување на предвремените парламентарни избори на 24-ти април.
Граничниот премин „Меџитлија“ и денеска е затворен за сообраќај од 9 до 21 часот.
Сообраќајот ќе биде во целосен прекин поради штрајкот на грчките земјоделци.
Висината на субвенцијата е 100 денари за купена несилка во живинарска фарма за производство на јајца од октомври 2015 до септември 2016-та година или за одгледани еднодневни пилиња на самото стопанство.
Поради појава на магла намалена видливост на патот има на планинските премин Буково и Стража.
Авто мото сојузот на Македонија информира дека на Буково намалена е видливоста до 50 метри, а на Стража од 60 до 80 метри.