Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром денеска ќе ја пречекаат Цедевита во Јадранската лига (пренос МТВ 1, 17.00).
Кошарка
Блог вести
-
Кошарка 18.01.2014 14:20
-
Кошарка 17.01.2014 13:39
Во трите натпревари во Евролига – гостинска доминација
Во кошаркарската Евролига, синоќа се одиграа три натпревари од 3 коло во Топ 16 фазата, и во сите три славеа гостите. Во “Е“ групата, Барселона беше поуспешна од Олимпијакос во Пиреја, со 81:72.
-
Кошарка 17.01.2014 13:14
Антиќ 11 поени, пораз на Атланта
Нашиот интернационалец се врати на местото на најголемиот успех во клупската кариера, но неговата нова екипа претрпе пораз од Бруклин (127:110), во еден од европските НБА натпревари во тековната сезона. -
Кошарка 16.01.2014 14:14
Реал Мадрид ја покорува кошаркарска Европа
Кралскиот клуб е во неверојатна серија од 30 победи од почетокот на сезонава. Со три триумфи Реал го продолжи стопроцентниот ефект во Топ 16 фазата во Евролигата совладувајќи го Баерн Минхен со 111:86.
-
Кошарка 16.01.2014 14:12
Чуда во Вашингтон и Лос Анџелес, драма во Орландо
Од 12-те ноќешни НБА натпревари, четири се издвојуваат по невообичаените настани на паркетите во Вашингтон, Лос Анџелес, Орландо и Портланд.
-
Кошарка 15.01.2014 16:13
Не е шега - Реал Мадрид и Баерн Минхен играат кошаркарско дерби
Во кошаркарската Евролига вечерва се игра еден натпревар од 3 коло во Топ 16 фазата. Во Мадрид, екипата на Реал го пречекува тимот на Баерн Минхен.
-
Кошарка 14.01.2014 13:56
Кумановци пред романски предизвик
Куманово продолжува со настапите во регионалната БИБЛ кошаркарска лига. Во деветтиот натпревар сезонава, гостуваат кај Крајова во Романија. -
Кошарка 14.01.2014 11:54
Бостон и натаму тоне
Победата е вистинска енигма за кошаркарите на Бостон. Ноќеска деветти пораз во серија за нив во НБА лигата. Овој пат на домашен паркет од Хјустон со 104-92. Двајт Хауард беше незапирлив со 32 поена и 11 скока, а Лин и Харден завршија со по 16 коша.
-
Кошарка 13.01.2014 15:50
„Кралевите“ со рекордна победа сезонава, Антиќ не играше
Статусот на Перо Антиќ е неизвесен од ден за ден, пореди проблемите што се појавија во долниот предел на неговиот 'рбет. Атланта без нашиот интернационалец загуби по две последователни победи, со него во стартната петорка. -
Кошарка 12.01.2014 14:14
Силен отпор, нов пораз
Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром го претрпеа деветтиот пораз во годинашните настапи во Јадранската лига. Македонскиот шампион му зададе големи проблеми на Будуќност, и тоа на негов терен, но сепак капитулираше по дополнителните пет минути со 87-79.







