Кошарка

Блог вести

  • Кошарка 12.01.2014 13:45

    Бостон не го запре Портланд

    Портланд чекори со победнички курс и повторно притиска да се врати на врвот на западот во НБА лигата. Во „Роуз гарден“ ноќеска падна Бостон со 112-104.

  • Кошарка 12.01.2014 12:06

    МЗТ Скопје несреќно поразен и од Будуќност

    Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром загубија од Будуќност со 87-79 по продолжение, на гостувањето во Подгорица во рамките на 16.коло во АБА Лигата.

  • Кошарка 10.01.2014 15:31

    На 3 февруари Македонија ќе ги добие противниците во квалификациите за ЕП 2015

    Машката кошаркарската репрезентација на Македонија, која директно се пласираше на ЕП во Словенија 2013, ќе биде повторно вклучена во квалификациски циклус.

  • Кошарка 10.01.2014 12:49

    Тежок пораз на Олимпијакос

    Продолжија натпреварите од Лигата на шампионите во кошарка. Високиот пораз на Олимпијакос во Милано е едно од главните обележја на второто коло во Е групата. Европскиот првак загуби катастрофално од Армани со 81:51 кош. Блескаше Кејт Ленгфорд кај Миланезите со 29 постигнати кошеви.

  • Кошарка 10.01.2014 10:54

    Никс и Денвер се ревитализираат

    Тие што ја отпишаа екипата од Големото јаболкко, се излажаа, ќе потврди шампионот. Нагетс се во победничка серија, падна и Оклахома, во скромната синоќешна понуда од само два дуела во НБА лигата.
     
  • Кошарка 09.01.2014 12:56

    НБА: Антиќ влегува вo ритам

    Перо Антиќ ги изедначи личните максимални учиноци, 27 минути и 16 поени, но првпат вистински се почувствува неговото влијание во играта на Хокс. Атланта победи против Индијана (97:87), во мечот што статистички гледано, може да биде пресвртница во кариерата на нашиот интернационалец.

  • Кошарка 08.01.2014 13:33

    Падна рекордот на Кралот

    С.Џ. Мајлс постигна 10 тројки и го сруши рекордот на Леброн Џејмс, од неговото време во Кливленд. Со 8-те во првото полувреме го изедначи, а потоа рутински постави ново клупско достигнување за историјата. Кавалирс славеа над Филаделфија, со 111:93.
  • Кошарка 07.01.2014 15:47

    Атланта поразена и од Бруклин

    Атланта на Перо Антиќ го доживеа третиот пораз по ред во НБА Лигата, 86-91 на теренот на Бруклин, во мечот во кој нашиот репрезентативец ја потврди улогата на член на почетната петорка на Хокс.

  • Кошарка 06.01.2014 19:39

    Партизан фаворит во Смедерево

    Мега Визура и Партизан ќе го затворат 15-то коло во Јадранската лига. Актуелниот шампион е голем фаворит на гостувањето во Смедерево, а доколку биде на ниво на епитетот, тогаш ќе се врати на делба на втората позиција на табелата со 11 победи и 4 порази досега.

  • Кошарка 06.01.2014 12:50

    Голден Стејт со девет победи по ред, Денвер ги прегази Лејкерс

    Кошаркарите на Голден Стејт имаат најмногу причини да ја паметат изминатата ноќ во НБА Лигата. По цели 39 години, првпат по 1975, триумфираа на девет средби едноподруго. Последната победа ја забележаа на гостувањето кај Вашингтон со 112-96.

Pages