Кошарка
Блог вести
-
Кошарка 30.03.2015 15:23
Соколи ќе играат во Супер лигата
Прволигашите се согласија. Кумановци бараат службена победа на одложениот натпревар. -
Кошарка 26.03.2015 12:38
Нов триумф на Македонецот
Перо Антиќ ја прекина низата од три порази, со учинок 5 поени и 4 прифартени топки, за 22 минути поминати на паркетот, во победата на Атланта кај Орландо, 83:95. Ова беше прва радост за најдобрата екипа на Истокот, по најдолгата негативна серија сезонава. -
Кошарка 25.03.2015 17:39
Уникатен рекорд на германскиот суперстар Новицки, Г. Стејт прв на „пацификот“ по речиси 4 децении
Дирк Новицки обезбеди место во историјата, откако го прослави својот 10.000 скок во НБА лигата. Подвигот е уште позначаен ако се знае дека во комбинација со 25.000 поени и по 1.000 блокади и постигнати тројки тој е единствен со вакви остварувања.
-
Кошарка 24.03.2015 22:23
И покрај победата Куманово без полуфинале!
Кошаркарите на Куманово не се пласираа во полуфиналето на Балканската лига иако во четвртфиналниот реванш го совладаа Рилски спортист со 107:101 по продолжение.
-
Кошарка 24.03.2015 15:42
Куманово брка негатива од 12 поени!
И покрај поразот од 12 разлика во Бугарија, кошаркарите на Куманово не ги напушта отимимизмот дека можат да играат во полуфиналето на Балканската лига.
Полната сала ќе биде адут за кумановци во вечерашниот реванш против Рилски спортист.
-
Кошарка 24.03.2015 13:19
Харден со 44 коша против Индијана
Во НБА Лигата, нова една феноменална вечер имаше Џејмс Харден во дресот на Хјустон. Како главен играч на Рокитс по повредата на Двајт Хауард, Харден со 44 коша ја потопи Индијана, иако дури 21 погодок постигна од линијата за слободни фрлања.
-
Кошарка 22.03.2015 18:33
Продолжи победничката серија на Голден Стејт
Во НБА лигата беа одиграни пет натпревари. Во фокусот беше продолжувањето на победничката серија на Голден Стејт, како и триумфот на Мемфис над Портланд во дербито. Најдобриот тим моментно во лигата Голден Стејт го оствари петиот триумф во низа.
-
Кошарка 22.03.2015 15:43
Крај на АБА авантурата за МЗТ Скопје
МЗТ загуби од Звезда, очекувано и со висока разлика, во натпревар што беше последен за двете екипи во, можеби, резултатски најнеизвесната АБА сезона во поновата историја на регионалното натпреварување.
-
Кошарка 20.03.2015 18:45
Рекордни 50 поени на Харден!
На прославата на 20-те години од двете врзани НБА титули на Хјустон, Џејмс Харден реализираше рекордни во кариерата 50 поени за триумф против Денвер од 118:108. Харден е девети кошаркар на Хјустон со вакво постигнување и прв по 19 години и 51-от поен на Олајџувон против Бостон.
-
Кошарка 20.03.2015 18:37
ФИБА ќе решава за судбината на МКФ
Проблемите во македонската кошарка ќе ги решава ФИБА. Таква солуција најави Претседателот на Македонската кошаркарска федерација, Даниел Димевски. Според него, на ваков чекор се решил за да се задржат регуларноста во домашното првенство и мирот во репрезентацијата пред Европското превенство.










