Кошарка

Блог вести

  • Кошарка 25.02.2015 17:29

    Денеска два меча

    На домашните кошаркарски терени, откако полека стивнуваат реакциите за завршниот турнир од купот, од 14-тото коло во првата лига за денеска се предвидени два натпревара. 

    МЗТ Скопје ќе му гостува на Гоце Делчев, а Работнички ќе ја пречека Струмица. 

  • Кошарка 25.02.2015 17:27

    Кожув гостува во Бугарија

    Кошаркарите на Кожув во директен дуел со Рилски спортист денеска ќе решаваат за врвот во групата „Де“ од Балканската лига. 

    Нашиот претставник има три победи и еден пораз досега, а бугарскиот тим оствари половичен биланс 2-2. 

  • Кошарка 24.02.2015 16:22

    Харден со “трипл дабл“,Драгиќ блескаше во Мајами

    Највпечатлив ефект во 8 НБА натпревари оствари Џејмс Харден, кој со 31 поен 11 скокови и 10 асистенции го предводеше Хјустон до победа над Минесота 113 : 102, вкупно 38 на популарните ракети кои се трети во Западната конференција.

  • Кошарка 23.02.2015 14:27

    Перо се врати на победнички патеки, ЛеБрон руши рекорди

    Во најновите 9 натпревари од НБА лигата највпечатлива беше победата на Кливленд во Њујорк со 101 : 83.

  • Кошарка 21.02.2015 18:41

    Атланта потклекна пред Торонто

    Во НБА лигата, Атланта убедливо го загуби источното дерби со Торонто. Во првиот дуел по паузата поради викендот на сите ѕвезди, Хоукс загубија на свој паркет со 105-80. За девет минути на теренот, Перо Антиќ постигна пет поени и оствари два скока.

  • Кошарка 20.02.2015 14:47

    Вестбрук ја носи Оклахома во плеј - офот!

    Инспириран од признанието МВП на  НБА „Ол стар“ натпреварот, Расел Вестбрук блескаше во победата на Оклахома против Далас со 104:89. Со 34 поени и 10 асистенции, Вестбрук беше најзаслужен што ланскиот конфернциски финалист конечно влезе во плеј - оф зоната.

  • Кошарка 16.02.2015 23:24

    Ништо ново, уште една победа на Звезда

    Црвена Звезда стигна до 21-та победа во 22-та рунда во АБА лигата. Повторно падна Цедевита, сега со 78:63 за разлика од мечот во Загреб, кој што беше решен во последните моменти.
  • Кошарка 16.02.2015 23:22

    Митровиќ во Работнички!

    Пред дербито со МЗТ Скопе и во пресрет на зваршницата на Купот на Македонија, Работнички се засили со српскиот кошаркар, Александар Митровиќ. 24- годишниот Митровиќ веќе неколку дена беше на проба и тренираше со сега новите соиграчи.

  • Кошарка 16.02.2015 17:55

    Звезда од најдобрата позиција во плеј - офот!

    На четири кола до крајот на АБА кошаркарската лига, решени се неколку дилеми. По поразот на Будуќност во Љубљана против Олимпија, кошаркарите на Црвена звезда го обезбедија првото место по основниот дел од сезоната.

  • Кошарка 16.02.2015 15:25

    Западот подобар од Истокот со 163 : 158 во најефикасниот “Ол старс“ меч, Вестбрук МВП со 41 поен

    Спектакуларното 64-то соочување на НБА звездите во Медисон Сквер Гарден понуди ретко видено шоу со изобилство на атракции, зачинети со неколку рекордни остварувања. Почна со историското потфрлување во кое се соочија Пау и Марк Гасол, првиот братски тандем стартни центри во “Ол старс“ мечевите.

Pages