Кошарка

Блог вести

  • Кошарка 10.08.2014 15:41

    Кошаркарите во нов европски поход

    Трипати по ред, а вкупно четирипати, македонските кошаркари беа дел од европските првенства. Во наредните 17 дена преку шест квалификациски натпревари, нашата репрезентација ќе се обиде да остане во привилегираното континентално друштво.

  • Кошарка 08.08.2014 13:50

    Кошаркарите очекуваат успешен старт на квалификациите

    Во обидот да ја продолжи традицијата на настапи на континенталните собири, нашата кошаркарска А селекција е во добра физичка и психолошка кондиција, пред првиот официјален меч на оваа генерација.
  • Кошарка 06.08.2014 16:38

    Контролите завршија, на ред се квалификациите

    5 победи и 2 пораза е ефектот на подготвителните средби на македонските кошаркари по турнирите во Охрид, Скопје и вчерашното гостување во Загреб.

  • Кошарка 05.08.2014 13:22

    Супер цена за полна сала

    Македонските кошаркари го започнуваат патот за Евробаскетот в година. Белгија е првата пречка која ќе се исправи в недела во Скопје.

  • Кошарка 04.08.2014 18:44

    „Штрковите“ полетаа

    Македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје Аеродром денеска го имаше првиот тренинг пред новата сезона.

  • Кошарка 04.08.2014 18:37

    Кошаркарите во Загреб на „генералка“

    Македонската сениорска кошаркарска репрезентација отпатува за Загреб каде што утре треба да одигра контролен дуел со Хрватска.

    Ќе биде тоа „генералка“ за избраниците на Александар Џикиќ пред стартот во квалификациите за идното Европско првенство.

  • Кошарка 01.08.2014 14:57

    Осум земји кандидати за Евробаскет 2015

    ФИБА Европа објави дека рекорден број земји поднеле официјална кандидатура за организација на претстојниот Евробаскет во 2015-та. Хрватска, Финска, Франција, Германија, Израел, Летонија, Полска и Турција сакаат да бидат домаќини на собириот на најдобрите кошаркари на континентот.

  • Кошарка 30.07.2014 13:06

    Бојан Трајковски во Енерга Чарњи

    Нашиот кошаркарски репрезентативец Бојан Трајковски ќе го напушти домашното првенство и наредната сезона ќе игра за полскиот прволигаш Енерга Чарњи од Слупск, објавија полските спортски медиуми.

  • Кошарка 29.07.2014 16:35

    Војдан останува во Германија, а Дамјан си оди од МЗТ Скопје

    Македонскиот кошаркарски репрезентативец, Војдан Стојановски, и во наредната сезона ќе игра во најсилната кошаркарска лига во Германија. Но, од екипата на Алба се сели во тимот на Ајсберен од Бремерхафен.

  • Кошарка 28.07.2014 15:42

    Прва победа на кошаркарските јуниори

    Конечно победа на македонските кошаркари до 18 години на Европското првенство од Бе-дивизијата. По трите порази од Словенија, Финска и од Норвешка, нашите јуниори денеска ја совладаа Швајцарија со 62-53 и со тоа ја избегнаа последната позиција во групата.

Pages