Македонската сениорска кошаркарска репрезентација отпатува за Загреб каде што утре треба да одигра контролен дуел со Хрватска.
Ќе биде тоа „генералка“ за избраниците на Александар Џикиќ пред стартот во квалификациите за идното Европско првенство.
Македонската сениорска кошаркарска репрезентација отпатува за Загреб каде што утре треба да одигра контролен дуел со Хрватска.
Ќе биде тоа „генералка“ за избраниците на Александар Џикиќ пред стартот во квалификациите за идното Европско првенство.
ФИБА Европа објави дека рекорден број земји поднеле официјална кандидатура за организација на претстојниот Евробаскет во 2015-та. Хрватска, Финска, Франција, Германија, Израел, Летонија, Полска и Турција сакаат да бидат домаќини на собириот на најдобрите кошаркари на континентот.
Нашиот кошаркарски репрезентативец Бојан Трајковски ќе го напушти домашното првенство и наредната сезона ќе игра за полскиот прволигаш Енерга Чарњи од Слупск, објавија полските спортски медиуми.
Македонскиот кошаркарски репрезентативец, Војдан Стојановски, и во наредната сезона ќе игра во најсилната кошаркарска лига во Германија. Но, од екипата на Алба се сели во тимот на Ајсберен од Бремерхафен.
Конечно победа на македонските кошаркари до 18 години на Европското првенство од Бе-дивизијата. По трите порази од Словенија, Финска и од Норвешка, нашите јуниори денеска ја совладаа Швајцарија со 62-53 и со тоа ја избегнаа последната позиција во групата.
Што покажаа трите натпревари коишто ги одигра македонската репрезентација на турнирот „Трофеј Македонија“ ?
Грузиецот Герге Цинцадзе и словенецот Марко Пајиќ ќе бидат новите засилувања на „штрковите“, е објавено на интернет страницата на менаџерската агенција Проспорт.
Нашите кошаркари ќе го завршат настапот на „Трофеј Македонија“ со натпревар против Црна Гора, вечерва во арената „Борис Трајковски“ во Скопје (пренос МРТ Собраниски од 20 часот). Двете репрезентации досега имаат по една победа и по еден пораз, ја совладаа Полска, а загубија од Италија.
Лани го немаше, но кошаркарскиот „Трофеј Македонија“ годинава одново е во календарот летни спортски содржини кај нас.
Без разлика на заминувањето на речиси комплетната генерација која беше четврта во Европа, амбициите на македонската кошаркарска репрезентација не се менуваат.