Функционирањето на институциите мора да биде во интерес на граѓаните. Тие не смеат да бидат жртви на опструкции, препукувања и блокади во предизборниот период. Продолжува спроведувањето на мерките во земјоделството- вели министерот Димковски.
-
Македонија 15.01.2020 13:48
-
Македонија 15.01.2020 13:35
СДСМ: Потребно е прочистување на правосудството
За само две и пол години се поднесени речиси 300 кривични пријави против поранешни градоначалници, претседавачи на совети и раководители на локално ниво, кадри на ВМРО- ДПМНЕ, велат од СДСМ.
-
Македонија 15.01.2020 13:27
Измени на законот за чист стандардизиран јазик
Задолжително вработување на лектори во сите институции е новината за која се залага експертската јавност, а за што властите ветуваат финансиски средства. Мора да се почитува современиот македонски јазик од секого, велат, бидејќи тоа е огледалото на државата.
-
Македонија 15.01.2020 12:49
Почна судењето за „ТНТ“, Трајковски сам дојде во судот
Со нов состав на Судечкиот совет и резервен судија- поротник, почна судењето за случајот „ТНТ“. Поранешниот градоначалник на Гази Баба, Тони Трајковски кој е обвинет, сам дојде на закажаното рочиште. Покажувајќи потврда од лекар за боледување, побара одложување, но судијата ставрев го одби.
-
Македонија 15.01.2020 12:21
Намалена видливост поради магла на неколку патни правци
Намалена видливост поради појава на магла до 50 метри има на патниот правец Тетово – село Гајре, Павлешници, Штип, Велес, Кула- Катланово и видливост до 100 метри има кај Страцин, Струга, Крива Паланка, Тетово и Гостивар, информираат од ЈП „Македонија пат“.
-
Македонија 15.01.2020 10:39
Поднесен обвинителен акт против двајца странски државјани за криумчарење на мигранти
Надлежен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција до Основниот кривичен суд – Скопје поднесе обвинителен акт против две лица.
-
Македонија 15.01.2020 10:14
Со 1,5 милиони евра ќе се финансира порибувањето на езерата и реките
Со 1,5 милиони евра и во 2020 година ќе се финансира порибувањето на езерата и реките и изградбата и реконструкцијата на рибниците. Исто така субвенции ќе има и за пилот проекти, развој на нови пазари и за промотивни кампањи.
-
Македонија 15.01.2020 10:10
Нов обид за почеток на судењето за „ТНТ“
Судијата во случајот „ТНТ“ нареди обвинетиот Тони Трајковски да биде стражарно спроведен во Кривичниот суд, бидејќи вчера не се појави на почетокот од судењето. Неговиот адвокат Страшевски рече дека не добил покана, а судијата Ставрев му одговори дека бил уредно поканет.
-
Македонија 15.01.2020 10:03
Еврокомесарот за проширување во посета на земјава
Еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји доаѓа во прва официјална посета на земјава. Ќе се сретне со државниот врв и со лидерите на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ, Заев и Мицкоски. Во фокусот на разговорите- новата методологија за проширување предложена од Франција и текот на реформите.
-
Македонија 14.01.2020 14:14
ДИК се прогласи за ненадлежна да решава по барањето на министерот Чулев
Решението за назначување на раководна позиција од министерот за внатрешни работи не претставува акт или документ кој се однесува на правни, финансиски или кадровски прашања поврзани со организација на изборите, пресече Државната изборна комисија.Членовите едногласни за овој заклучок укажувајќи де





