Приоритет на оваа влада е да обезбеди услови за одржување на фер и демократски избори кои на граѓаните ќе им овозможат избор на нова легитимна влада, рече техничкиот премиер Спасовски на првата прес- конференција од назначувањето.
-
Македонија 14.01.2020 12:40
-
Македонија 14.01.2020 11:27
Владата ќе ја одржи редовната трета седница
Владата на Република Северна Македонија денеска ќе ја одржи редовната трета седница со повеќе точки на дневен ред од својата програма за работа и од интерес на граѓаните, соопштуваат од владината прес- служба.
-
Македонија 14.01.2020 11:03
Судењето за „ТНТ“ почнува од почеток
Судењето за случајот „ТНТ“ почнува од почеток. Поротничката чиј мандат истече, не се појави на рочиштето, си поднела неотповиклива оставка поради здравствената состојба.
-
Македонија 14.01.2020 10:40
Собранието ќе ја одржи 130-та седница
Собранието денеска ќе ја одржи 130-та седница.
-
Македонија 14.01.2020 10:13
ДИК ќе одлучува дали Ристо Ставревски ќе биде шеф на СВР- Скопје
Државната изборна комисија денеска на седница треба да одлучува по барањето на техничкиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев, за мислење во врска со одлуката за назначувањето на Ристо Ставревски за шеф на СВР- Скопје, која не беше потпишана од дополнителната заменик-министерка во МВР, Славја
-
Македонија 14.01.2020 09:44
Умерен сообраќај по наместа влажни коловози
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози, со умерен интензитет на патните правци надвор од градските средини. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
-
Македонија 14.01.2020 09:35
Православните христијани го празнуваат Св. Василиј Велики
На 14-ти јануари, православните христијани го празнуваат Св. Василиј Велики, кој бил најпознат владика во градот Касарија во Кападокија.
Роден е во 329 година во овој град, од побожни родители. Се стекнал со образование, примил свештенички чин и го учел народот на божјата наука.
-
Македонија 13.01.2020 15:37
Одложена комисиската расправа за поништување на лустрацијата
Покрај пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, поништувањето на лустрацијата го опструираат и ДУИ и Демократската партија на Турците, поради што не може да почне комисиската расправа за овој закон, објави претседателот на Комисијата за политички систем Александар Кирацовски.
-
Македонија 13.01.2020 15:21
Покана до ОДИХР за набљудување на изборите
Македонските власти побарале од ОДИХР да испрати набљудувачка мисија во земјава. Од Канцеларијата за демократски институции и човекови права во Варшава за МРТ потврдуваат дека ја разгледуваат поканата за мониторинг на предвремените избори во април.
-
Македонија 13.01.2020 15:08
ВМРО-ДПМНЕ: Непотизам владее и во Прилеп
Епидемија на непотизам владее во Прилеп, град кој е под целосна контрола од кадрите на СДСМ, истакна Димче Арсовски од ВМРО- ДПМНЕ. Такви случаи забележале во Полициската станица, во Тутунскиот комбинат и во основни училишта.






