Сончевото време со мала облачност и со умерен ветер од северозападен правец во поголем дел од Македонија продолжува и утре.
Попладне се можни услови за краткотраен дожд во источните делови особено на планинските предели.
Сончевото време со мала облачност и со умерен ветер од северозападен правец во поголем дел од Македонија продолжува и утре.
Попладне се можни услови за краткотраен дожд во источните делови особено на планинските предели.
Набиена агенда на генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг во Скопје. Во секој момент се очекува да пристигне во Клубот на пратеници, каде ќе разговара со премиерот Зоран Заев.
Го разбирам предизвикот, станува збор за избор што треба да го направи вашата земја, дали ќе одите кон иднината или ќе се вратите во минатото, вели министерот за надворешни работи на Луксембург, Жан Аселборн.
Конечно ќе можеме да учествуваме во мониторирањето на политиките и да дадеме сопствен придонес во она што значи младинска политика, изјави првиот човек на Националниот младински совет, Блаже Малевски.
Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, по средбата со македонскиот претседател Ѓорге Иванов во вилата „Водно“, во македонското Собрание се сретна и со претседателот на Парламентот Талат Џафери и лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицковски.
Синоќа, околу 21.00 часот на автопатот Неготино-Г радско, во близина на место викано Црвени Брегови, било запрено товарно возило „Форд- Транзит“ со скопски регистарски ознаки и во него биле пронајдени 18 лица- илегални мигранти од Авганистан.
Актуелната внатреполитичка состојба во Република Македонија, евроатлантските интеграции на земјата и напредокот на реформите во одбраната и безбедноста во согласност со НАТО стандардите- во фоксу на средбата меѓу претседателот Иванов и генералниот секретар на НАТО, Столтенберг.
Генералниот секретар на НАТО по средбите во Скопје заминува за Атина, каде што вечер ќе има работна вечера со грчкиот премиер Алексис Ципрас.
Според соопштението од НАТО, генералниот секретар денеска и утре ќе биде во Грција, а вечер ќе се сретне со Ципрас.
Со сослушување сведоци предложени од обвинителството, во Кривичниот суд во Скопје денеска продолжува судскиот процес за случувањата во Собранието на Република Македонија на 27-ми април минатата година.
Одлуката на Вселенската патријаршија да може да објавува автокефалност на црквите и без согласност на останатите помесни православни цркви, го отвора патот за признавање на Македонската Православна Црква- Охридска Архиепископија, оценува митрополитот дебарско- кичевски и плаошки, Тимотеј.