ВМРО- ДПМНЕ и ДУИ сѐ уште без став, ќе го поддржат ли предлогот на претседателот Ѓорге Иванов, Анита Бежовска да биде нов гувернер на Народната банка. Од двете парии велат- откако ќе дебатираат партиските тела, ќе се изјаснат официјално за новиот предлог за прв човек на Централната банка.
-
Македонија 18.05.2018 15:15
-
Македонија 18.05.2018 15:00
Метео: Променливо време за викендот
Првиот ден од викендот ќе ни донесе променливо облачно време со локални врнежи од дожд. Попладне ќе има и ретка појава на грмежи, а ќе дува и слаб до умерен ветер од северен правец.
-
Македонија 18.05.2018 14:48
Одбиено барањето за екстрадиција на Грујевски и Бошкоски
Екс- разузнавачите Горан Грујевски и Никола Бошкоски нема да бидат екстрадирани во Македонија- реши атинскиот Врховен суд. Според образложението, во земјава немало услови за да се одржи фер судење.
-
Македонија 18.05.2018 14:21
Воведена нова метода на Клиниката за гастроентерохепатологија
Наместо со хируршка интервенција, карцином и полипи на дебелото црево и на желудникот на осуммина пациенти им беа отстранети со новата метода наречена „воден нож“. Интервенцијата првпат се изведува кај нас, но и во регионот.
-
Македонија 18.05.2018 14:12
Со звуците на Штраус, матурантите традиционално одиграа квадрил
Точно напладне матурантите ја кажаа заклетвата за ненасилство, а на Македонското Радио- Радио Скопје, се разлејаа звуците на музиката од штраусовата опера „Лилјакот“.
-
Македонија 18.05.2018 13:33
Ципрас викендов на средби за името со државно- политичкиот врв во Грција
Грчкиот премиер Алексис Ципрас викендов ќе брифира за разговорот со премиерот Зоран Заев за името, што се одржа на маргините на самитот ЕУ- Западен Балкан во Софија.
-
Македонија 18.05.2018 13:30
Парламентарците го почнаа дијалогот „Жан Моне“
Разговорите во рамки на процесот Жан Моне се одвиваат во контруктивна, работна атмосфера, со консензуален став на учесниците за потребата од регулирање, односно дорегулирање на односите во Законодавниот дом- истакна претседателот на Собранието Талат Џафери од Охрид, каде во тек се разговорите во
-
Македонија 18.05.2018 13:10
Јанушев: Бараме итна и неодложна лидерска средба
Во изминатите денови неколкупати јавно побаравме од премиерот Заев лидерска средба во врска со името и шест дена ВМРО-ДПМНЕ бара од оваа неодговорна влада лидерска средба- се вели во соопштението на опозициската партија.
-
Македонија 18.05.2018 12:50
Грчкиот Врховен суд го одби барањето за екстрадиција на Грујевски и Бошкоски
Горан Грујевски и Никола Бошкоски нема да бидат екстрадирани во Македонија за да им се суди за нелегално прислушување- реши атинскиот Врховен суд. Според судот, немало услови во државава да се одржи фер судење.
-
Македонија 18.05.2018 12:09
Седница на собраниската Комисија за финансирање и буџет
Собраниската комисија за финансирање и буџет на денешната седница ќе ги разгледува предложените измени на Законот за царинска управа и на Законот за акцизите, во прво читање.










