На денешната 32 седница Владата ќе ја разгледа информацијата за постапувањата со настанатите штети во скопскиот и тетовскиот регион поради зголемен обем на врнежи и поплави.
-
Македонија 19.10.2017 10:21
-
Македонија 19.10.2017 10:11
ТВ24: Уапсени Грујевски и Бошковски
Горан Грујевски и Никола Бошковски, двајцата поранешни началници во МВР, кои од СЈО се обвинети во предметот „Тврдина“, ноќеска се уапсени во Солун, Грција, јави Телевизија 24.
Досега портпаролот на МВР официјално за МТВ не ја потврди оваа информација.
-
Македонија 19.10.2017 10:06
Почна пријавувањето субвенции за млеко
Млекопроизводителите можат да почнат да се пријавуваат за субвенции за произведено и продадено овчо, козјо и кравјо млеко од мај до септември 2017година.
Висината на поддршката е 3,5 денари за еден литар.
-
Македонија 19.10.2017 08:51
ДИК ќе одлучува по приговорите за изборите
Државната изборна комисија на денешната седница треба да ги разгледа и да одлучи по приговорите од подносителите на листи на кандидати во врска со гласањето на првиот круг на локалните избори.
-
Македонија 19.10.2017 08:45
Затворена границата со Грција, штрајкуваат грчките цариници
Поради штрајк на грчките царински служби денеска ќе биде во прекин сообраќајот на државната граница помеѓу Република Македонија и Република Грција. Границата ќе може да ја поминат само пешаци.
-
Македонија 18.10.2017 16:58
ВМРО-ДПМНЕ со критики за извештајот на ОБСЕ/ОДИХР
ВМРО-ДПМНЕ со критики за извештајот на ОБСЕ/ОДИХР за локалните избори. Партијата смета дека е необјективен и не ја одразува фактичката состојба на изборите. Оттаму велат дека во документот не се посочуваат одговорните за нарушување на процесот.
-
Македонија 18.10.2017 16:43
Метео: Продолжува сончевото време, од понеделник заладување
Сончевото и топло време во Македонија продолжува и во текот на утрешниот ден. Топло ќе биде и во петок како и за време на викендот со надпросечни дневни температури.
Од понеделник се очекува зголемена облачност, врнежи од дожд и пад на температурите.
-
Македонија 18.10.2017 16:30
Трудовата и секскуалната експлоатација најчести во Македонија
Трудовата експлоатација во фокусот на одбележувањето на Европскиот ден на трговијата со луѓе. Недостига идентификацијата на жртвите, на која надлежните институции и невладиниот сектор треба да работат заедно. Во Република Македонија препознавањето на жртви е менливо.
-
Македонија 18.10.2017 16:10
БЕСА и Алијансата за Албанците со договор за поддршка во вториот круг од локалните избори
Движењето БЕСА и партијата Алијанса за Албанците си дадоа поддршка во вториот круг од локалните избори. Потпишаа меморандум за соработка. Договорот предвидува движењето БЕСА да ги поддржи кандидатите на Алијансата во пет, и да добие повратна поддршка во седум општини.
-
Македонија 18.10.2017 16:00
Да се подигне свеста за органодарителството
Повторно да заживее трансплантацијата на бубрег од починат донор- побара Здружението на бубрежно болни граѓани на Европскиот ден на органодарителството. Велат, важно е да се воведат и нови лекови за пациентите, да се намали нивната цена или да бидат бесплатни.










