На општината Сарај ѝ треба градоначалник кој знае како да направи промена, кој носи надеж и ќе ги обедини граѓаните, рече во своето обраќање кандидатот на БЕСА за градоначалник на Сарај, Башким Бакију.
-
Македонија 20.10.2017 16:24
-
Македонија 20.10.2017 16:22
ДУИ очекува победа во вториот круг
Демократската унија за интеграција очекува апсолутна победа на 29-ти октомври, велат од Централниот штаб на партијата. Сметаат дека ќе добијат двојно повеќе гласови од нивните опоненти во албанскиот блок.
-
Македонија 20.10.2017 16:21
Заев: Еднаквост меѓу граѓаните и во квалитетот на живот
Еднаквост меѓу граѓаните треба да постои и во квалитетот на живот. Не може во главниот град да се истураат милиони евра, а овде во Шуто Оризари да зборуваме за асфалт, вода, канализација, за детска градинка.
-
Македонија 20.10.2017 15:04
МНР потврди дека во Словачка се приведени македонски државјани
Министрерството за надворешни потврди дека во Словачка биле приведени 8-мина македонски државјани кои работеле со лажни дозволи за работа. Тие се приведени во фабрика најверојатно кинеска сопственост, во близина на словачкиот град Трнава.
-
Македонија 20.10.2017 14:32
Регистрирани три нови случаи на мали сипаници
За една недела регистрирани три нови случаи на мали сипаници. Вкупниот број на заболени се искачи на 17- соопшти Институтот за јавно здравје. Десетмина од заболените живеат во населбата Маџари, во реонот Кванташка депонија.
-
Македонија 20.10.2017 14:24
Одбиени сите приговори за изборите
По безмалку 20 часа, ДИК ги разгледа поднесените приговори. Сите ги отфрли како неосновани. Од вкупно 46, осум приговори повлече ВМРО-ДПМНЕ, а како неуредно поднесени Комисијата ги отфрли приговорите поднесени од Левица, Алијанса на Албанците и на ТМРО.
-
Македонија 20.10.2017 13:00
СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ да го признае поразот
Граѓаните гласаа слободно, изборите беа фер и демократски. ВМРО-ДПМНЕ да го признае поразот- порачуваат од СДСМ.
Гласањето беше по слободна волја и без притисоци, велат во СДСМ, а резултатите на изборите покажаа како изгледаат општините и Македонија воопшто.
-
Македонија 20.10.2017 12:33
Бошњаковски: Владата очекува почитување на меѓународните договори за екстрадиција
Македонската Влада очекува Грција да ги естрадира поранешните вработени во Управата за безбедност и контраразузнавање, Горан Грујевски и Никола Бошкоски, коишто беа уапсени во Солун. Двајцата се обвинети во предметот „Таргет- Тврдина“, за уништување на опремата за прислушување.
-
Македонија 20.10.2017 10:55
До недела сончево, од понеделник дожд
Скопје е најтопол град во регионот. Температурата ќе достигне 28 целзиусови степени. И до недела ќе се задржи стабилно и суво време со надпросечна дневна температура.
-
Македонија 20.10.2017 10:43
Локални избори 2017: Продолжува кампањата за вториот круг од изборите
Продолжува кампањата за вториот круг од локалните избори, закажан за 29-ти октомври.
СДСМ денеска е во Гостивар на средби со граѓаните. И ВМРО-ДПМНЕ продолжува со прес-конференциите.
Средби со граѓаните ќе имаат и ДУИ, Алијансата за Албанците и БЕСА.










