Поранешните вработени во УБК, Горан Грујевски и Никола Бошкоски денеска се појавија во Судот во Солун, за да им се суди за обидот да ја напуштат Грција со фалсификувани бугарски пасоши. Судењето повторно е одложено.
-
Македонија 24.10.2017 16:01
-
Македонија 24.10.2017 15:51
Метео: Променливо облачно и ветровито време
Утре во Македонија ќе преовладува променливо облачно и ветровито време, со повремено засилен ветер од северен правец.
Во попладневните часови облачноста ќе се намалува и се очекуваат сончеви периоди. Во Скопје температурата ќе достигне до 14, а максималната на југоисток до 18 степени.
-
Македонија 24.10.2017 15:37
Нема прегласување на првиот изборен круг
Нема да има прегласување на првиот изборен круг од локалните избори на ниту едно избирачко место. Управниот суд ги отфрли тужбите поднесени од ВМРО-ДПМНЕ, Алијансата на Албанците, ТМРО и Левица.
-
Македонија 24.10.2017 14:09
Андонов: СДС ја користи полицијата како алатка за реализација на партиски цели
СДС скандалозно ја користи полицијата како алатка за реализација на партиски цели, тврдат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Владата со противзаконска употреба на полицијата врши напад врз демократијата и слободната мисла, велат од партијата.
-
Македонија 24.10.2017 13:54
Кривичниот суд постапува по барањето за екстрадиција на Грујевски и Бошкоски
Поранешните вработени во УБК, Горан Грујевски и Никола Бошкоски изведени пред Судот во Солун за поседување фалсификувани бугарски пасоши. Скопскиот Кривичен суд пак постапува по барањето за нивна екстрадиција.
-
Македонија 24.10.2017 13:04
ВМРО-ДПМНЕ: Управниот суд подлегна под притисокот од СДС и СЈО
Управниот суд подлегна под систематскиот притисок од СДС и СЈО и не дозволи прегласување во ниту едно избирачко место, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на одлуките на Управниот суд.
-
Македонија 24.10.2017 12:45
СИАРС- Современ систем за спасување војници на бојно поле
Истражувачи од Македонија и од Словенија партнерски развиваат систем за мерење на виталните знаци на живот кај војниците и вип личностите додека се наоѓаат на ризичен терен.
-
Македонија 24.10.2017 12:34
Претседателот Иванов од утре во работна посета на Брисел
Од утре Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов е во дводневна работна посета на Брисел. Иванов ќе сретне со претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск.
-
Македонија 24.10.2017 12:23
Десет мигранти откриени во возило на патот Гевгелија-Неготино
Десет мигранти од Сирија и од Пакистан синоќа околу полноќ биле откриени во товарно моторно возило со радовишки регистарски таблички, на патот Гевгелија-Неготино.
-
Македонија 24.10.2017 10:54
Најмногу дожд во Дојран
Најмногу дожд во изминатите 24 часа се наврнати во Дојран. УХМР регистрира 88 литри на метар квадратен.










