Јавното обвинителство соопшти- определен е притвор од 30 дена за четворица осомничени за кривичното дело „убиство во обид“.
Постапката против нив се води за нападот врз пратеникот Зијадин Села за време на собраниските настани од 27-ми април.
Јавното обвинителство соопшти- определен е притвор од 30 дена за четворица осомничени за кривичното дело „убиство во обид“.
Постапката против нив се води за нападот врз пратеникот Зијадин Села за време на собраниските настани од 27-ми април.
Со сослушување сведоци, денеска во Кривичниот суд треба да продолжи судењето за случајот „Сопот“.
Средба на американскиот претседател Доналд Трамп и грчкиот премиер Алексис Ципрас во Белата куќа, за што Обединетата Македонска Дијаспора во соопштение бара од Трамп да го притисне Ципрас за деблокирање на македонското членство во НАТО.
Ноќеска во 2 часот истече рокот за поднесување приговори до Државната изборна комисија за постапката на гласање, сумирање и утврдување на резултати од првиот круг од локалните избори што се одржаа на 15 октомври.
Вакцинацијата против сезонски грип почнува денеска во центрите за јавно здравје и нивните подрачни единици.
До 19 часот вечерва поднесени се 25 пријави за сумирање на резултатите од изборите, потврди Државната изборна комисија (ДИК).
Завршуваат роковите за поднесување жалби до Државната изборна комисија кои се однесуваат на постапката за гласање и за сумирање и утврдување на резултатите. До сега пристигнати се два приговори.
Засега не размислувам за предвремени парламентарни избори, приоритет е завршувањето на локалните, вели премиерот Заев. Сепак, остава можност за промена на ставот, по внатрепартиските консултаци и мислења од коалиционите партнери.
Завршуваат роковите за поднесување жалби до Државната изборна комисија кои се однесуваат на постапката за гласање и за сумирање и утврдување на резултатите.
За изборите и инцидентите се огласи и ВМРО-ДПМНЕ. Хаосот и незаконието продолжуваат и по изборите. Нападот со нож врз претседателот на ГРОМ, Стевчо Јакимовски од страна на лица блиски до СДС е обид за политичко замолчување, кое не смее да остане неказнето, смета ВМРО-ДПМНЕ.