• Македонија 18.10.2017 16:30

    Трудовата и секскуалната експлоатација најчести во Македонија

    Трудовата експлоатација во фокусот на одбележувањето на Европскиот ден на трговијата со луѓе. Недостига идентификацијата на жртвите, на која надлежните институции и невладиниот сектор треба да работат заедно. Во Република Македонија препознавањето на жртви е менливо.

  • Македонија 18.10.2017 16:10

    БЕСА и Алијансата за Албанците со договор за поддршка во вториот круг од локалните избори

    Движењето БЕСА и партијата Алијанса за Албанците си дадоа поддршка во вториот круг од локалните избори. Потпишаа меморандум за соработка. Договорот предвидува движењето БЕСА да ги поддржи кандидатите на Алијансата во пет, и да добие повратна поддршка во седум општини.

  • Македонија 18.10.2017 16:00

    Да се подигне свеста за органодарителството

    Повторно да заживее трансплантацијата на бубрег од починат донор- побара Здружението на бубрежно болни граѓани на Европскиот ден на органодарителството.  Велат, важно е да се воведат и нови лекови за пациентите, да се намали нивната цена или да бидат бесплатни.

  • Македонија 18.10.2017 15:53

    Почна вакцинацијата против грип

    Метеж и редици во центрите за јавно здравје. Десетици луѓе чекаат ред за да се вакцинираат. Еден од нив беше и 67- годишниот Љупчо од Скопје. Вели оти трета година по ред се имунизира и оти поради вакцината, грипот го одминува.

  • Македонија 18.10.2017 15:52

    Се подготвуваат измени на Законот за извршување

    Функционален закон и ефикасни извршители предвидуваат измените на Законот за извршување. Комората на извршители во соработка со Министерството за правда веќе работат на регулативата.

  • Македонија 18.10.2017 15:00

    ВМРО-ДПМНЕ бара ослободување на учесниците во настаните од 27-ми април

    ВМРО-ДПМНЕ бара ослободување на учесниците во настаните од 27-ми април. Извршниот комитет на оваа партијата утврдил дека во изминатите 5 месеци била очигледна политиката на власта за масовно ослободување на криминалци.

  • Македонија 18.10.2017 14:57

    Расте бројот на зависници од дрога во Македонија

    Два проценти од средношколците на 16 години пробале опијат, покажала студијата направена на територијата на целата држава. Невладините велат, состојбата е алармантна, институциите немаат податоци или ако имаат некакви бројки- тие не соодветствуваат со состојбата на терен.

  • Македонија 18.10.2017 14:49

    Тече рокот за разгледување на приговорите

    ВМРО-ДПМНЕ поднела најмногу приговори до Државната изборна комисија, вкупно 43. По еден приговор има од партиите ТМРО, Левица и од Алијансата за Албанците. Се однесуваат за текот на гласањето, но и за сумирањето и утврдувањето на резултатите.

  • Македонија 18.10.2017 14:37

    Аудиоснимки- нов доказ во случајот „Сопот“

    Аудиоснимка од прислушуваните материјали е нов доказ на Специјалното обвинителство во случајот Сопот. Обвинителот Бурим Рустеми предлага како доказ да се цени разговорот помеѓу двајца поранешни високи функционери од МВР. Aдвокатите не се противат на предлогот.

  • Македонија 18.10.2017 13:21

    Поднесување барање за извод по електронски пат

    Барања за изводи ќе се поднесуваат по електронски пат. Комората на адвокати, извршители, нотари и Управата за водење матични книги потпишаа Меморандум за соработка. Според нив, со ова ќе се намали и турканиците пред шалтерите и ќе се скрати времето за добивање на неопходните документи.

Pages