Земјотрес со магнитуда од три степени според Рихтеровата скала е регистриран вчеравечер во југозападниот дел на Македонија.
-
Македонија 25.09.2026 08:19
-
Македонија 25.09.2026 08:08
Облачно и постудено со повремени врнежи од дожд
Времето денеска ќе биде облачно и постудено со повремени врнежи од дожд кои ќе продолжат и во текот на ноќта. Врнежите наместа ќе бидат пообилни (над 30 l/m2). Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
-
Македонија 24.09.2026 20:32
„Нема да дозволиме рудници во Југоистокот“ – реакции на јавната расправа во Струмица
Нема да дозволиме рудници во Југоистокот. Ова беше ставот на присутните на Јавната расправа за просторниот план на Македонија до 2040 година, каде е наведено дека треба да се отворат пет рудници за метали во земјава.
-
Македонија 24.09.2026 20:00
Платформата „12.05“ бара Филипче да си замине од СДСМ
Венко Филипче треба да си замине од СДСМ за партијата да тргне во позитивна насока. Ова го побараа поранешни и актуелни членови на партијата, обединети во платформата „12.05“.
-
Македонија 24.09.2026 19:46
Разбиен организиран синџир за шверц на цигари
Царински и полициски службеници овозможиле 7 пати преку граница да се шверцуваат цигари, открила заедничката акција на Царинската управа, Обвинителството и полицијата. Во операцијата „Филтер 2“ приведени се 13 лица, а извршени се претреси на 23 локации низ државата.
-
Македонија 24.09.2026 19:02
Прославата на независноста во фокус на пратеничките прашања
Последниот четврток во месецот, вообичаено, резервиран за седницата за пратенички прашања, редовен механизам со којшто пратениците бараат отчет од извршната власт, за прашањата од јавен интерес.
-
Македонија 24.09.2026 18:15
Нема лекарска грешка за случајот со парализираната родилка од Струмица, утврдила Стручната комисија
Нема лекарска грешка, ниту поврзаност со спиналната анестезија – ова е заклучокот на стручната комисија од петтемина домашни и странски доктори која го проверуваше случајот со 19 – годишната родилка од Струмица, која по породување со царски рез остана неподвижна.
-
Македонија 24.09.2026 18:04
Шлепери со цигари влегувале преку „Богородица“, а излегувале празни – 13 приведени во „Филтер 2“
Тринаесет шпедитери, транспортери, извозници, превозници, полицајци и цариници се приведени во операцијата „Филтер 2“ осомничени за шверц на големи количества цигари. Камиони шлепери влегувале на преминот „Богородица“, а излегувале празни.
-
Македонија 24.09.2026 17:47
СДСМ против новиот просторен план, ВМРО-ДПМНЕ со критики кон Филипче
Претседателот на СДСМ, Филипче предупреди дека со новиот просторен план власта предвидува отворање пет нови рудници со што земјата, како што вели се распродава на странски инвеститори, а е на штета на здравјето на граѓаните. Побара повлекување на планот.
-
Македонија 24.09.2026 17:36
Ревизијата откри низа слабости во ДПИ
Само 148 инспектори во текот на една година спровеле повеќе од 28 илјади инспекциски надзори.










