Нови коефициенти за платите на претседателот и судиите на Уставниот суд. Комисијата за прашања на изборите и именувањата едногласно ги усвои измените со кои се постапува по одлуката на Уставен.
-
Македонија 24.09.2026 16:54
-
Македонија 24.09.2026 16:38
Пожар на Краста, жители на околните села бараат реакција
„Шест месеци дишеме токсичен чад, помош бараме, но реакција нема, истакнаа мештани на неколку села кои живеат во близина на кумановската депонија, која повторно е зафатена со пожар. Средбите со надлежните од општината, велат не дале резултати. Ветеното не било исполнето.
-
Македонија 24.09.2026 14:51
УХМР: Облачно и постудено време со дожд, локално пообилен
Под влијание на циклонска активност, утре времето ќе биде облачно и постудено, со повремени врнежи од дожд. Врнежите ќе продолжат во текот на ноќта и во сабота претпладне, а локално се очекуваат и пообилни врнежи со над 30 литри на квадратен метар, информираат од УХМР.
-
Македонија 24.09.2026 14:13
Две години условна казна за Љупчо Пецов-Ѓаволот за финансиски малверзации во случајот „Синџир“
Две години условна казна доби бизнисменот Љупчо Пецов – Ѓаволот пресуди скопска единица. Тој нема да оди зад решетки, ако во период од пет години не стори ново кривично дело.
-
Македонија 24.09.2026 13:41
Ноќно асфалтирање на мостот „Естакада“ во Гази Баба
Во ноќните часови се одвива асфалтирањето на мостот „Естакада“ во скопската општина Гази Баба, како дел од санацијата на оваа сообраќајна врска.
-
Македонија 24.09.2026 13:13
Нема лекарска грешка во случајот со родилката од Струмица, утврди стручната комисија
Комисијата за надзор над стручната работа, составена од гинеколог, анестезиолог, невролог, неврохирург и радиолог, од кои двајца експерти од Србија и Словенија, го заврши надзорот над лекувањето на родилката од Струмица.
-
Македонија 24.09.2026 13:01
70 случаи на западнонилска треска, деветмина починале
Заклучно со 22 септември, во Македонија се регистрирани вкупно 70 случаи на западнонилска треска, покажува извештајот на Институтот за јавно здравје. Најголем дел од заболените се од Скопје – 63 случаи, три се од Велес, а по еден случај има од Куманово, Свети Николе, Кавадарци и Тетово.
-
Македонија 24.09.2026 12:29
Почина 13-годишното момче кое беше избодено со нож во Чаир
По три недели борба за живот почина 13-годишникот тешко повреден со нож во тепачка на улицата „Македонско-косовска бригада“.
-
Македонија 24.09.2026 12:00
Јавна расправа за Нацрт-просторниот план во Струмица
Денеска во Струмица, Министерството за животна средина и просторно планирање организира јавна расправа за нацрт просторниот план на Македонија до 2040 година.
-
Македонија 24.09.2026 11:41
Се очекува извештајот за случајот со 19-годишната родилка од Струмичко
Медицински експерти од земјава и од соседството кои беа дел од стручната комисија ќе го објават извештајот за 19-годишната родилка од струмичко која по породување со царски рез остана неподвижна.










