Советот на јавни обвинители нема да ги предаде предметите „Маѓар Телеком“ и „Верушевски“, на Специјалното јавно обвинителство. Јанева кратко присуствуваше на седницата на Советот, а во изјавата за медиумите рече дека има надлежност да постапува по предметите.
-
Македонија 30.03.2016 16:34
-
Македонија 30.03.2016 16:22
Расте бројот на интернет пратките, се подобрува квалитетот на услугите
Облека, обувки, технички апарати, опрема за домаќинство, се само дел од работите што се нарачуваат преку интернет и стигнувааат во „Македонска пошта“ за достава.
-
Македонија 30.03.2016 15:38
Истекува рокот за легализација на дивоградбите
Педесет илјади нови барања за легализација на дивоградби биле доставени во пролонгираниот рок. Надлежните апелираат да се искористи преостанатото време. Пред крајот на последниот рок, голем број грашани ги добија решенијата.
-
Македонија 30.03.2016 15:30
СЈО отвори нов предмет „Тврдина“
„Тврдина“ е новиот предмет за кој Специјалното обвинителство отвора истрага. Осомничени се тројца началници од УБК и оперативна техника, поранешен министер за внатрешни работи и вработена во МВР како технички документарист.
-
Македонија 30.03.2016 15:11
„Не постои Македонија надвор од Грција“: Нови провокации од Атина и нови забрани за влез на Македонци
Македонија била една и грчка и не постоела надвор од Грција, се вели во провокативното соопштение на грчката министерка за Македонија и Тракија, Марија Колиас Царуха од Независни Грци.
-
Македонија 30.03.2016 15:07
Советот на јавни обвинители не и ги дава на Јанева „Маѓар Телеком“ и „Верушевски“
Специјалното јавно обвинителство нема надлежност врз предметите што се во постапка во Основното јавно обвинителство и во Обвинителството за гонење организиран криминал, изјави претседателот на Советот на јавни обвинители, Петар Аневски. Смета дека обвинителката Јанева не го почитува Советот.
-
Македонија 30.03.2016 13:43
Метео: Утре сончево и топло
Утре во Македонија ќе преовладува сончево и топло време со слаб до умерен ветер од југозападен правец.
Дневната температура ќе достигне до 25 степени. Топлото и сончево време ќе го одбележи и почетокот од месец април.
Гледајте МЕТЕО со Наташа Алексоска
-
Македонија 30.03.2016 13:37
Мемети: Потребни се реформи за поголема контрола на полицијата
Во Македонија се потребни реформи за поголема контрола на полицијата, смета народниот правобранител. Мемети вели дека внимателно се следи полициското постапување и преземените мерки за присилба.
-
Македонија 30.03.2016 12:55
Поднесени 50.000 нови барања за легализација
Утре е краен рок за поднесување барања за легализација на диво изградени објекти. Досега во дополнителниот рок пристигнале 50 илјади нови барање, а најголем дел биле поднесени во Гостивар, Струмица, Куманово и во Охрид.
-
Македонија 30.03.2016 12:45
„Тврдина“- нов случај на СЈО
Специјалното јавно обвинителство информира дека повело истражна постапка за трет случај под име „Тврдина“, поврзан со незаконско следење на комуникациите со користење опрема и уреди за следење, кои биле во сопственост на МВР.










