Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, од денеска ќе престојува во работна посета на Кралството Мароко, по повод учеството на Форумот Кран Монтана, придружуван од Министерот без ресор задолжен за привлекување на странски инвестиции, Бил Павлески.
-
Македонија 13.03.2015 09:02
-
Македонија 13.03.2015 08:50
Министерот Попоски во посета на Турција
Министерот за надворешни работи Никола Попоски, на покана од шефот на турската диоломатија Мевљут Чавушоглу, денеска ќе престојува во официјална посета на Република Турција. -
Македонија 13.03.2015 08:40
Меѓународна конференција посветена на праисторијата
„Населби, култура и динамика на популациите во Балканската праисторија“ е тема на меѓународна археолошка конференција посветена на праисторијата што денеска и утре ќе се одржи во Скопје во организација на ХАЕМУС-Центарот за научни истражувања и промоција на културатa.
-
Македонија 12.03.2015 17:27
МРТ станува дел од понудата на бугарските кабелски оператори
За неколку денови Македонската радио телевизија ќе почне да зрачи во бугарскиот етер. Потпишан е договор за бесплатно емитување и право за реемитување, што дополнително ќе внесе позитивна клима во односите меѓу двете земји.
-
Македонија 12.03.2015 17:01
Струшкиот градоначалник и консеционерите на плажите ги „вкрстија копјата“
Струшкиот градоначалник Зијадин Села продолжува со непочитувањето на Законот за издавање под закуп на струшките плажи, договори кои важат 5 години, а нивната важност се уште не е истечена. -
Македонија 12.03.2015 16:52
Жерновски објави нови аудио-разговори
Градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски објави десетина прислушувани разговори на поранешни и актуелни функционери. Во нив според него биле содржани докази за нелегални активности, за време на локалните избори во 2013-та година.
-
Македонија 12.03.2015 16:42
Фокусот на евроинтеграциите да не се занемари поради актуелната состојба
Правната, економската и административната реформа се трите приоритетни столба кон усогласување на домашното со европското законодавство, порака од вицепремиерот Бесими на седницата на Националниот совет за евроинтеграции.
-
Македонија 12.03.2015 16:37
Груевски: Влада се формира на избори, не на барање на Заев
Зоран Заев ги тера истите работи и сака да не убеди дека ако сме среде пустина пред нас има планина иако никој не ја гледа- ги коментира премиерот Груевски потезите на лидерот на СДСМ и објавувањето на креирани материјали.
-
Македонија 12.03.2015 15:43
Ристовски: Математиката ќе биде на основно ниво, матурантите немаат потреба од страв
Заменик- министерот за образование Спиро Ристовски вели дека не треба да постојат страв и загриженост кај матурантите затоа што од нив ќе се бара да имаат основно познавање на математиката која од годинава ќе биде задолжителен предмет во државната матура.
-
Македонија 12.03.2015 15:37
Груевски: Стапката на невработеност континуирано се намалува
Според податоците на Државниот завод за статистика, стапката на невработеност изнесува 27,6%. Во четвртото тримесечје од 2014-та година активно население во Република Македонија било 961.416 лица, од кои вработени се нешто над 696 илјади, а невработени 265.370 лица.









